Зошто семафорите во Јапонија светат сино место зелено

Кој ја има посетено Јапонија и добил впечаток дека зеленото светло на семафорите не е зелено како насекаде низ светот, не греши. Причината за тоа е од јазична природа.

Тоа се учи уште од дете, кога семафорот свети црвено – стој, кога ќе се вклучи зелено – тргај. Зарем некој би се посомневал, дека ова правило некаде во светот не важи.

Виенската Конвенција за патен сообраќај уште од 1968 година пропишува стандарди за патната сигнализација во сите земји што ја почитуваат истата. Знаците и целата сигнализација се исти и во Шпанија и Поргугалија, и во Шведска и Норвешка, секако во Македонија.

Во членот 23 се пропишува: „Зелено светло значи дека сообраќајот смее да продолжи. Црвеното светло значи дека сообраќајот не смее да продолжи.“

Јапонците имаат ист збор за зелено и сино

Некои големи земји, како САД, Кина, Индија или Канада, сепак не се потписнички на конвенцијата и не мораат да ја почитуваат. Истото важи за Јапонија. Точно е дека луѓе што ја имаат посетено азиската островска држава, забележале дека повеќето семафори во земјата, не светат со јасна зелена боја, кога ќе им се отвори патот на автомобилите или на пешаците. Место тоа, семафорите работат со нијанса на тиркизна боја, па дури и со јасна сина боја.

Дали Јапонците пркосно избраа сосем различна боја, за да покажат дека не се потписнички на конвенцијата? Не, народот што е ценет ширум светот со својата љубезност, сепак има други причини за таа отстапка.

Главната причина е од јазична природа. Во јапонското говорно подрачје, од памтивек е ист зборот за сина и за зелена боја: аои.

Иако за зелената боја постои збор мидори, што всушност значи пупка или фиданка, тој збор не наиде на помасовна примена.

[the_ad id=”85764″]

Тиркизна боја како златна средина меѓу традицијата и почитувањето на правилата

Поради тоа, светлото на семафорот што означува слободно возење, во Јапонија свети во синкава нијанса. Тоа трае уште откако во 1930-те години се воведени првите семафори во земјата.

Со тиркизната боја, Јапонија сака да ја испочитува традицијата, но и да биде во чекор со светските прописи. Во спротивно, сообраќајните планери ќе направеа сите семафори да светат сино.

Црвеното светло, сепак има исто значење. Стој.

Претходна објаваБерлин ги повлекува електричните автобуси поради грешка на производителот
Следна објаваКинески Ем Џи годинава првпат надмина 300.000 возила во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here