Берлин ги повлекува електричните автобуси поради грешка на производителот

Германската престолнина ги заменува своите дизелски автобуси со електрични и вложува милиони евра во таа насока.

Берлин се соочува со проблеми кај електричните автобуси од еден холандски производител. Утврдена е грешка во материјалот и возилата ќе бидат повлечени од сообраќај.

Градот Берлин мора да повлече од промет 70 од своите 270 електрични автобуси. Веста прв ја објави дневникот Ное Дојчланд. Автобусите се наоѓаат во служба на БВГ – Берлинер Феркерсбетрибе, берлински јавен превоз – од 2022 година и кај нив се појавени мали пукнатини во носечката рамка. Автобусите се произведени во Ебуско, долги се 12 метри и нудат место за 70 патници, со 35 седишта.

„Иако тоа погодува една четвртина од тековната флота од електрични автобуси на БВГ, јавното претпријатие не олекува дека патниците ќе се соочат со потешкотии,“ објавија Ное Дојчланд. Претставник од компанијата тврди дека се работи за „највообичаен случај за гаранција“.

Кај погодените автобуси, при редовниот технички преглед се откриени мали пукнатини во почетна фаза во носечката рамка. Веќе се работи на план за надминување на проблемот.

Бидејќи автобусите се под гаранција, производителот ќе го отстрани пропустот на свој трошок. Не постои загрозување на безбедноста. Според првичните процени, со работа ќе се започне кусо по Нова Година и до завршетокот на првото тромесечје ќе бидат поправени сите возила.

Берлин веќе со години вложува многу во насока на подобрување на климата во градот и сите дизел автобуси постепено ќе ги замени со електрични. Исто како кај претходниот модел, новите е-автобуси се „депо-ладери“, односно се полнат во депо. Тоа значи дека досегот од 290 километри е доволен за целата дневна примена и автобусите не се полнат на станица, туку по враќање се полнат во депото.

Скандинавците обвинуваат дека кинеските автобуси ги шпиунираат

Додека во Берлин се погодени автобусите на холандскиот производител Ебуско, којшто според медумите е западнат во финансиски потешкотии, главна вест во медиумите досега се кинеските електрични автобуси.

Во Норвешка, на пример, утврдено е дека возилата може да се контролираат од Кина. Според австриски Штандард, од пролетоска во Шведска повеќе не се користат кинески електрични автобуси. Постојат сомнежи дека Кина собира вредни податоци од нив.

Претходна објаваРекордот на Рено звучи убедливо, сé додека „автомобилот“ не се погледне од вистинскиот агол
Следна објаваЗошто семафорите во Јапонија светат сино место зелено

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here