Мерцедес-Бенц стана марка на град во Дубаи

Мерцедес-Бенц во соработка со Бингати го најави првиот „град во град“ во Дубаи, што ќе го носи името на германската марка.

Градот, поточно подрачјето на градот со име Мерцедес-Бенц Плејсис / Бингати Сити во Дубаи, ќе се состои од низа висококатници, луксузни станови, јавни објекти и иновативни решенија за мобилноста.

Станува збор за втор заеднички проект на Мерцедес-Бенц со Бингати, којшто ќе се реализира во подрачјето Мејдан во Дубаи.

Мерцедес-Бенц Плејсис веќе има реализирано еден проект во Дубаи и комплекс во Мајами, којшто главно содржи објекти од јавен интерес. Во дубајски Мејдан ќе се работи на најголемиот проект досега.

Мерцедес-Бенц и инвеститорот Бингати, со седиште во Дубаи, го најавија својот втор заеднички проект во бизнисот со недвижнини: Мерцедес-Бенц Плејсис / Бингати Сити.

Проектот ќе се изведува во подрачјето Мејдан во Дубаи и опфаќа површина од 836.000 метри квадратни. Концептот на „град во град“ ќе се состои од интегриран урбан екосистем во луксузни станови, со отмен дизајн, напредна мобилност и живеење во заедница.

Со Мерцедес-Бенц Плејсис / Бингати Сити во Дубаи „поставуваме нови мерила: Градиме простор, во којшто нашата марка ќе може да се доживее, но и да стане вистински дом“, порача Матијас Гајсен, член на управниот одбор на Мерцедес-Бенц АГ.

Матијас Гајсен и Мухамад Бингати на потпишувањето на договорот за соработка во Дубаи

Планот за градот на Мерцедес-Бенц во Дубаи опфаќа луксузни станови, културни и рекреативни центри, булевари со продавници, паркови и зелен простор, центри за мобилност, за здравје и опуштање, спортски терени. Секако нема да недостигаат ресторани, простор за забава и за дружење. Главното е во спојот од архитектура, услуги и мобилност.

Првиот проект на Мерцедес-Бенц Плејсис во Дубаи е 65-катница во јадрото на Дубаи, што веќе е во изградба.

Претходна објаваЕден од 600 примероци: БМВ М3 од 1990-та оди на наддавање од 190.000 евра нагоре
Следна објаваПрезентација на Panamera Exclusive Manufaktur во Porsche Center Skopje

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here