
Би Уај Ди забележа силен раст од дури 230 проценти во споредба со ноември лани, со продадени 20.281 возила. Со тој раст, значително се скуси предимството на МГ, најпродавана кинеска марка во Европа. Нивната продажба, пак, во ноември порасна за 20 проценти, достигнувајќи 23.133 возила.
Тоа значи дека предноста на МГ над Би Уај Ди во ноември годинава се стопи на само 2.852 возила, додека предноста во истиот месец лани изнесуваше 12.997 возила.
Во ноември, кинеските производители на автомобили заедно освоиле 7,4 проценти од европскиот пазар, што е повеќе од двојно зголемен удел во споредба со 3,6 проценти лани. Тоа го покажуваат првичните податоци, по пристигнати 97% од податоците за продажбата.

Меѓу производителите што дале најголем придонес за тој раст се Би Уај Ди (+14.131 возила), Џејку и Омода, што во минатиот месец продале 11.596 возила и кинескиот партнер на Стелантис, Липмотор, со продадени 5.543 возила.
СУВ-моделот од средна класа Би Уај Ди Сил Ју и натаму е најпродаван модел со приклучен хибриден погон во Европа, зголемувајќи ја предноста во 11-месечната продажба над Фолксваген Тигуан ПХЕВ. Џејку 7 е петти најпродаван модел со овој вид погон во ноември и 8-ми најпродаван ПХЕВ-модел по 11 месеци.
Првпат, модел од кинески производител се избори за место меѓу 10-те најпродавани електрични автомобили во Европа. Би Уај Ди Долфин Сурф е на 10-то место во ноември, со продадени 5.632 возила, што е мала разлика зад деветто пласираната Шкода Ениак со 6.029 возила.

Кинескиот Липмотор се пробива на пазарот на мини-автомобили
Со продадени 3.568 возила, Липмотор е 5-ти најпродаван модел во сегментот на мини-автомобилите, највисоко место што досега го постигнал кинески модел во тој сегмент.
Сегментот на мини-автомобилите, со којшто некогаш владееја европските производители, стана главен фронт на азиските производители на автомобили. Тојота Ајго Крос трет месец во низа е најпродаван модел во сегментот, престигнувајќи ја Фиат Панда. Киа, Хјундаи и ДР, исто така се застапени во Топ 10.
Во периодот од јануари до ноиември, кинеските производители ја зголемиле продажбата за 95 проценти во споредба со лани и првпат надминаа 700.000 возила. Тоа се случува во време кога целиот европски пазар бележи раст од само 1,8 процент и продадени 12,1 милиони возила. Уделот им пораснал од 3,0 проценти во истиот период лани, на 5,8 проценти годинава.
БАИК во Премиум Брендс, прв голем увозник што вклучува кинеска марка
До ноември, МГ ја зголемил продажбата за 26% со продадени вкупно 272.484 возила, задржуајќи ја предноста од прекју 110.000 возила над Би Уај Ди, коишто со раст од 117% достигнале продажба од 158.178 возила.















