
Со предложениот пакет се ублажува планираната цел за емисијата во 2035 година да се смали за 90 проценти во споредба со 2021 година, но се воведуваат и мерки за да се забрза преоѓањето на електрични возила, што на производителите на автомобили во исто време им обезбедува и поголема флексибилност.
Како реагираат главните засегнати страни:
БМВ
„Тоа е важен прв чекор на Комисијата, којашто повеќе не се раководи врз тоа да забрани одредени технологии, туку се признава дека моторите со внатрешно согорување имаат иднина.“
Стелантис
„Предлозите не се соодоветно решение за проблемите со коишто во моментов се соочува индустријата. Конкретно, со пакетот не се обезбедува одржлива траекторија за сегментот на лесните доставни возила, коишто се наоѓаат во загрозена ситуација, исто како и флексибилност што индустријата ја бараше за патничките авотмобили за 2030 година.“
Мерцедес-Бенц
„Европската комисија презеде чекор во вистинска насока кон поголема флексибилност за нас, како производители и кон неопходната неутралност околу технологиите… ЕУ на тој начин реагира на стагнирањето на електричната мобилност во Европа.“
Рено
„Групацијата Рено го поздравува усвојувањето на автомобилскиот пакет од страна на Комисијата, којшто е насочен кон еден од главните предизвици со коишто се соочува европската индустрија.“
„Посебно го истакнуваме нагласокот дека е потребно да се забрза преоѓањето на електрични возила, преку воведување категорија на мали електрични возила долги до 4,2 метри и преку европска иницијатива за зелен возен парк.“
Фолксваген
„Прагматичниот нацрт на предлогот на Европската комисија за нови цели во поглед на ЦО2 е целосно економски оправдан.“
„Посебно е позитивен фактот што малите електрични возила во иднина ќе добијат посебна поддршка … отворањето на пазарот за возила со мотор со внатрешно согорување преку компензација на емисијата е прагматично и во согласност е со пазарните услови.“
Волво
„Ублажувањето на долгорочните заложби за краткорочна корист донесува ризици што ја подриваат конкурентноста на Европа во годините што доаѓаат. Тоа што ќе донесе вистинска корист за купувачите, за климата и за индустриската моќ на Европа, е доследен и амбициозен политички план, како и вложување во јавна инфраструктура.“
„Волво Карс за помалку од десет години изгради целосно портфолио од електрични возила и подготвени сме да преминеме на целосно електрична енергија, преку преодното решение во вид на хибриди со долг досег. Ако ние не го можеме тоа, други можат.“
Штефен Кавол, советник за политика во германското здружение на компании со среедна големина ДМВ
„Откажувањето од забраната за мотори со внатрешно согорување може да ја забави трансформацијата на европската автомобилска индустрија, меѓутоа нема целосно да ја запре. Ова забавување би имало смисла само доколку германската економија го искористи дополнителното време за да го забрза преоѓањето на мобилност без фосилни горива.“
Доминик Фин, шеф за транспорт во Групацијата за клима
„Ублажувањето на планот за постепено укинување на бензинските и дизел мотори оди против струјата на водечките компании ширум Европа, коишто вложуваат милијарди во електричен возен парк и на коишто им е неопходна потврда дека се сигурни на тој пат.“
Крис Херон, генерален секретар на Е-Мобилност Европа
„Со отворањето на вратата за приклучните хибриди и биогорива со количини чиешто производство е ограничено, самите се забавуваме во светската трка во коајшто владее исклучителна конкуренција. Иднината на транспортот е електрична, прашање е дали Европа ќе ја гради таа иднина или ќе ја увезува.“
Фридрих Мерц, германски канцелар
„Добро е тоа што Комисијата сега ја отвора регулативата во автомобилскиот сектор, по силниот сигнал од германската влада. Зголемувањето на отвореноста кон технологиите и поголема флексибилност се вистински чекори за подобро да се следат целите за климата, реалноста на пазарот, претпријатијата и работните места.“
Јан Дорноф, раководител на истражувања во меѓународниот совет за чист превоз ИЦЦТ
„Автомобилскиот пакет сигнализира дека Европската комисија останува посветена на електрификацијата на автомобилите, како што покажуваат корпоративните флоти и иницијативите за мали, достапни електрични автомобили. Но, предложените измени на стандардите за ЦО2 се опасни отстапки што ќе ја одложат неопходната трансформација.”
Антонио Тајани, италијански министер за надворешни работи
Воведовме мораториум за забраната за мотори са внатрешно согорување од 2035 година … Со тој избор се обезбедуваат 70.000 работни места само во Италија. Велиме Да за заштита на животната средина, но секогаш со почитување на достоинството на поединецот, на тие што стопанисуваат и создаваат работни места.“
Бен Нелмс, извршен директор на ХБО Њу Аутомотив
„Тоа што му е потребно на секторот за производство на батерии е Европа да биде транспарентна и доследна… Со преиспитувањето на овие правила, Европската комисија ја поткопува довербата во сопствените прописи и се коцка со економската иднина на Европа.“
Жулијен Томас, аналитичар за средни компании во ТП ИЦАП
„Нашиот став е дека овие мерки главно се поволни за европските прозиводители, посебно за тие што произведуваат големи серии и лесни доставни возила (каде што неизвесноста во регулативата предизвика пад во продажбата годинава), како што се Рено, Фолксваген и Стелантис.”
Томас Пекрун, претседател на германското здружение на трговци со автомобили ЗДК
„Нашите претпријатија секој ден трпат од неуспесите на европската регулатива во поглед на скапото полнење, слабата инфраструктура и погодноста за секојдневието на потрошувачите. Климатски неутралната мобилност делува само доколку е достапна, практична и надежна. Сé друго е теорија.“















