
Назначувањето на Мисра треба да биде потврдено на годишното собрание на германскиот производител, коешто е закажано за 16-ти април 2026 година, соопшти Мерцедес-Бенц.
Мерцедес-Бенц исто така ѝ додели место во надзорниот одбор на Катарина Бојмелбург, шефица за одржливост и за нови технологии во Хајделберг Материјалс, една од водечките компании за градежни материјали во Германија.
Мисра и Бојмелбург ќе ги заменат местата на Дамата Поли Кортис и Хелене Сван, кои ќе си заминат од своите места по годишното собрание, соопшти Мерцедес.
Производителите на автомобили и останатите производствени индустрии бараат начини да ги воведат алатките на вештачката интелигенција во поширок обем.
Меѓу најновите достигнувања на Мерцедес во полето на вештачката интелигенција е унапредувањето на говорната асистенција во оперативниот систем МБУКС, во соработка со Гугл Клауд. Производителот исто така користи вештачка интелигенција со цел да воведе измени во својот систем за производство, вклучувајќи хуманоидни роботи.
Двете нови предложени членки „ќе ја зајакнат сосредоточеноста на надзорниот одбор во клучни подрачја, што се важни за успехот на компанијата во иднина,“ порача претседателот на одборот Мартин Брудермилер во соопштението за јавност.
„Катарина Бојмелбург донесува богато искуство во индустриската трансформација и во воведувањето глобални стратегии за декарбонизација,“ кажа тој. „Со Рашми Мисра, поздравуваме водечка експертка во вештачка интелигенција и дигитални тенологии, којашто ќе донесе свежи гледишта во забрзувањето на иновациите и во конкурентноста на Мерцедес-Бенц.“
[the_ad id=”85764″]
Мисра е експертка за вештачка интелигенција и дигитални технологии, со докторат за вештачка интелигенција на Универзитетот Ексетер. Таа ја започна својата кариера во Моторола, по што премина во Хјулит Пакард Ентерпрајз. Таа во 2017 година се придружи во Мајкрософт и извршуваше раководителски фунции во вештачката интелигенција, пред да биде назначена за шефица за вештачка интелигенција во Аналог Дивајсис во 2024 година.
Бојмелбург е докторка по инженерски науки на Универзитетот Штутгарт, има подолго од 20 годишно искуство во одржливост, енергетска транзиција и индустриска транзиција, соопшти Мерцедес-Бенц. Таа била на повеќе функции во Сименс и Шлумбергер/СЛБ, пред во 2024 година да почне да работи во Хајделберг Материјалс.















