Евтини електрични автомобили на тестирање кај АДАК

Електричните малечки автомобили и натаму се реткост. Но, изборот станува сé подобар. АДАК ги спореди шест најдостапни модели.

АДАК тестираше шест малечки автомобили со електричен погон. Кој покажа најдобри својства?
  • Шест модели на споредбениот тест на АДАК
  • Понудата постојано расте
  • Цените на малечките електрични автомобили паѓаат

Автор: Андреас Хубер, АДАК

Компактните кросовери и СУВ веќе со години ги потиснуваат малите градски автомобили, коишто некогаш беа еден од најомилените автомобилски сегменти на германскиот пазар. Достапни, компактни и погодни за град, тие не само што беа привлечни за возачките и возачите, туку и производителите профитираа од високата побарувачка.

А, услов беше побарувачката да е висока, затоа што малечките автомобили им се исплатуваат на производителите само кога количините се големи. Тоа важи посебно за електричните возила, коишто со новата техника и со високите трошоци за развој оставаат далеку помалку простор за маржата.

Најевтините малечки електрични автомобили на тест

Поради тоа е голема љубопитноста околу најдостапните електрични модели од сегментот на малечките автомобили. Што се добива за парите? Што е со досегот? Дали електричните автомобили навистина се толку скапи како што се верува? АДАК ги провери шесте малечки електрични автомобили што се достапни денес и ги стави на споредбен тест, според процедурата на АДАК Автотест.

Победник на тестот на АДАК: Хјундаи Инстер

Формата на каросеријата на Инстер веројатно нема да им се допадне на сите, но на Хјундаито му носи многу простор во кабината.

Хјундаи е вкупниот победник на споредбениот тест и со Инстер се издвојува од конкуренцијата. Гранде Панда на Фиат е на второто место, со мала предност пред Ситроен е-Ц3 и Би Уај Ди Долфин Сурф, коишто мораа да си го поделат третото место. Липотор Т03 и Дачиа Спринг следат со голем заостаток на петтото и шестото место.

Четири од шесте модели се во основната изведба. Долфин Сурф и Спринг не беа достапни во своите основни изведби ниту кај производителот, ниту кај дилерите или како рентакар.

Резултатите од тестот: Куси заклучоци за кандидатите

Прво место: Хјундаи Инстер

Хјундаи од годинава го нуди Инстер како свој основен модел со електричен погон. Инстер со досегот од 290 километри постигнува најдобар резулатт на тестот. Со редовна цена од 23.900 евра, Кореецот е блиску до горниот ценовен праг на автомобилите на тест, но надоместува со тоа што нуди добро заокружен пакет.

  • Опременост: Селект
  • Цена (во Германија): 23.900 евра
  • Погон, батерија и досег: 71 кВ / 97 КС; 42 кВч; 290 км
  • Предности: добра просторност, ниска потрошувачка и најдолг досег на тестот, безбедни возни својства, богата опременост, лесно ракување во секој поглед
  • Недостатоци: висок товарен раб, слаби предни светла, просечни сопирачки

Второ место: Фиат Гранде Панда Електрик

Фиат Гранде Панда исто така е на пазарот од 2025 година и ги дели платормата, батеријата и погонот со третопласираниот е-Ц3 на Ситроен. Во опременоста и во ракувањето, Фиат сепак е во предност. Дури и во основната изведба се добива инфо-забавен систем. Но, тоа се одразува врз цената. Италијанката е малку поскапа од Французинката.

  • Опрема: Ред, сега заменета со Поп
  • Цена: 24.990 евра
  • Погон, батерија и досег: 83 кВ / 113 КС; 43,8 кВч; 250 км
  • Предности: петосед со добра просторност, ЛЕД светла во серија, избалансирано подвозје, пристоен досег, добро ракување
  • Недостатоци: нема навигација и поради тоа е потешко да се планира рутата, зголемена потрошувачка, потпросечна комфорна и безбедносна опрема

Трето место: Ситроен е-Ц3

Сестринскиот модел на Гранде Панда во техниката одвај се разликува од Италијанката. Но, Французинката мора да признае пораз, кога се работи за комфорната опрема и за внатрешниот квалитет. Подостапната цена се покажува во отсуството на инфо-забавен систем во основното ниво и во поедноставните материјали. Но, Ситроен затоа е во предност пред Фиат со комфорната амортизација.

  • Опрема: Ју
  • Цена: 23.300 евра
  • Погон, батерија и досег: 83 кВ / 113 КС; 43,8 кВч; 255 км
  • Предности: петосед со добра просторност, ЛЕД светла во серија, хармонични возни својства, пристоен досег, впечатлив комфор на подвозјето
  • Недостатоци: внатрешноста изгледа едноставно, место инфо-забавен систем има само држач за телефон, едноставна комфорна опременост, тешко се поставува детско седиште

Трето место: Би Уај Ди Долфин Сурф

Со Долфин Сурф, Би Уај Ди од годинава има нов основен модел. Со акциите, Кинезите го нудат моделот под 20.000 евра. За споредбениот тест беше на располагање подобро опремената изведба, со поголема батерија. Изработката е примерна, меѓутоа малечкиот автомобил заостанува во брзината на полнење.

  • Опрема: Буст
  • Цена: 26.990 евра (основен модел со редовна цена од 22.990 евра не беше на располагање)
  • Погон, батерија и досег: 65 кВ / 88 КС; 43,2 кВч; 260 км
  • Предности: впечатливо добра изработка, пристоен досег, богата комфорна опременост, добра безбедносна опрема, комфорна амортизација
  • Недостатоци: ракувањето го одвлекува вниманието, долго полнење на ДЦ-полнач, лошо нагодено управување

Петто место: Липмотор Т03

Липмотор во Европа е дел од соработката со Стелантис. Првиот плод од оваа соработка е Т03. Најголем аргумент за купување несомнено е цената. За жал, малиот автомобил што е произведен во Кина, поради тоа има ограничена применливост во секојднеивето. Системите за асистенција се од потпросечни до лоши, клима уредот само лади, не работи при греење. Покрај тоа, просторноста не е сјајна, а и носивоста од 289 килограми е мала.

  • Опрема: основно ниво, нема име
  • Цена: 18.900 евра
  • Погон, батерија и досег: 70 кВ / 95 КС; 36,0 кВч; 210 км
  • Предности: компактни димензии, мал круг на вртење, добра опременост, поволна цена
  • Недостатоци: ракувањето го одвлекува внимането, потпросечен досег, клима уредот има ограничена применливост, управувањето е бесчувствително, лошо нагодени системи за асистенција, не е најпогоден за детско седиште

Шесто место: Дачиа Спринг Електрик 65

Дачиа Спринг ниту по фејслифтот не заслужува препорака. Возните својства и изработката заостануваат далеку зад конкуренцијата. Ниската цена сепак го оправдува нејзиното постоење и ја прави интересна како чисто градско возило. Потрошувачката е ниска и подобро што е така, затоа што батеријата е мала.

  • Опрема: Експрешн
  • Цена: 18.900 евра (основниот модел од 16.900 не беше на располагање)
  • Погон, батерија и досег: 48 кВ / 65 КС; 26,8 кВч; 185 км
  • Предности: компактни димензии, ниска потрошувачка, поволна цена
  • Недостатоци: лош квалитет, најмал досег на тестот, ДЦ-полнење само со доплата, нехармонични возни својства, сиромашна безбедносна опрема

Малите електрични автомобили се на добар пат

Во споредба со последниот споредбен тест на мали електрични возила од 2023 година, пазарот се развиваше во позитивна насока. Додека пред две години имаше само два модели со цена под 30.000 евра, во каталогот на АДАК денес има шест модели што чинат под 25.000 евра.

Експертите и експертките гледаат напредок и во погодноста за долг пат. Досегот во целина растеше, и со исклучок на Дачиа Спринг, сите тестирани модели стандардно поседуваат можност за брзо полнење.

Порасна и просторноста. Додека во 2023 имаше само четириседи со малку простор за патници и за багаж, новите мали автомобили се издвојуваат пред сé во подобрената просторност.

Видеото од тестот на Донгфенг Бокс во Аутомедиа

Иднината на малечките автомобили е електрична

Додека малите автомобили со мотор со внатрешно согорување сé помасовно исчезнуваат oд пазарот и преостанатите модели поскапеа значително, електричните модели покажуваат друг тренд. Понудата од модели расте, додека цените паѓаат. Вистина е дека ценовното ниво со околу 20.000 евра, сепак не може да се толкува дека е достапно.

Пазарот го презедоа увозните марки. Ниту еден од тестираните модели не потекнува од германски производител. Фолксваген најави ИД.Поло за 2026 година, но тој ќе почнува од околу 25.000 евра. За поевтиниот ИД Еври1 треба да се чека до 2027 година. Со развојот се почна доцна и со тоа пазарот им се препушти на другите.

Претходна објаваПежо 3008 во финалето на изборот за Автомобил на годината во Јапонија
Следна објаваКиа в среда ќе одржи премиера на новиот Селтос, доаѓа и во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here