Вкупно 90.171 продадени возила на Ситроен на полскиот пазар во првите осум месеци и раст од преку 100 проценти во октомвриската продажба, во споредба со лани.
Ситроен секој месец пријавува по некој рекорд, во минатиот месец се издвои Австрија, следен е пазарот на нови автомобили во Полска. Во октомври таму биле испорачани 1.092 возила, што претставува раст од 104% во споредба со истиот месец лани. Тоа секако се должи на воведувањето на новите модели во понудата.
Од почетокот на годината, Ситроен продал 9.017 автомобили, а тоа се 1.913 возила повеќе од истиот период во 2024. Вкупниот раст годинава е 26,93%, а соодветно и пазарниот удел се зголемил за 0,26 процентен бод.
Електричниот е-Ц3 ужива одлична прифатеност, од една страна со цената, како најдостапен е-автомобил, а од друга со свежиот настап. Во октомври биле испорачани 160 примероци од овој модел во Полска. За десет месеци, неговата продажба достигнала 1.476 возила.
Со тоа, електричниот Ц3 е лидер во сегментот на градски е-автомобили, со удел од дури 38,7% во сегментот. Тоа е воедно и втор најпродаван модел на струја на полскиот пазар. Цената на моделот во Полска изнесува 20.970 евра, со одредени повластици.
Тестот на Ситроен Ц3 Еркрос во Аутомедиа
За октомврискиот резултат придонесе и големиот тендер за Ситроен Берлинго. Во меѓувреме почнаа и испораките на новиот Ц5 Еркрос, со 263 возила. Цената во Полска изнесува 132.900 злоти, што одговара на 31.350 евра. За споредба со македонскиот пазар, штотуку лансираниот Ц5 Еркрос кај нас стартува од 29.990 евра.
















