Шкода достаса до 100.000 примероци од електричниот Елрок

За помалку од една година, Шкода веќе јавува за 100.000 произведени примероци од електричниот Елрок, што со големината и условно со цената е споредлив со Карок.

Славеничкиот примерок е спортска Шкода Елрок РС со 340 КС во боја на мамба. Стоте илјади примероци следат по помалку од една година производство.

Шкода направи сé по пропис со електричните автомобили, прво со големиот и угледен Ениак, што и самиот постигна успех во средната класа, а сега со компактниот Елрок, електричниот пандан на Карок.

Изгледот е свеж, Елрок е прв модел со новиот дизајнерски јазик на Шкода, но уште е поважно тоа што производството е организирано да не биде прескапо. А, тоа значи: Чесите мудро го поставија електричниот Елрок што е конструиран врз платформата МЕБ (ИД.3, ИД.4, ИД.7, Ениак), да се произведува на иста лента со Октавија, што лежи врз платформа МКуБ. Само мали зафати се потребни за лентата да се приспособи од еден за друг модел. Настрана тоа што се работи за СУВ.

Добар глас доаѓа и од медиумите и од возачките и возачите. Компактниот СУВ на Шкода на струја е меѓу најпродаваните БЕВ во Европа во првите три тримесечја. Добиена е награда Ред Дот, којашто се доделува на возила што изгледаат добро, но и се практични и добро осмислени, а неодамна пристигна и насловот на Автомобил на годината во Германија за 2026 година.

За девет месеци, Шкода испорача близу 120.000 електрични возила, вклучувајќи ги Ениак и Ениак Купе. Двата модели се во Топ 10 во европската продажба на БЕВ, со Елрок на 2-то и Ениак на 6-то место.

Секако дека тоа е најпродаван БЕВ во домашна Чешка, но и во Данска и Словачка, а во Австрија, Холандија и во Швајцарија е во Топ 3.

Видеото од тестот на Шкода Ениак Купе во Аутомедиа

Голем успех во Германија, најголем единечен пазар на Шкода

Во Германија, како најголем пазар на Шкода, Елрок во октомври беше прв БЕВ со 3.320 нови регистрации. Во април, јули и октомври, тој беше најпродаван електричен модел во Европа.

Претходна објаваБМВ пушта вилушкари со водороден погон да врват по фабрика
Следна објаваКупра со новиот Равал внесува забава во возењето електричен автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here