Уште првата генерација на Пежо Партнер можеше да се нарача со погон на сите тркала, како производ на француски Дангел. За разлика од тогаш, место класично карданско вратило и вискозна спојка, погонот 4х4 денес се изведува со вградување електромотор на задната оска.
Пежо Партнер имаше темелно освежување пред две години и го задржа високиот удел во продажбата на доставни возила во Европа. Моделот е достапен со две должини на каросерија, со избор меѓу три дизел мотори и една електрична изведба.
Новитетот е изведбата Про Скил, којашто Пежо вообичаено ја подготвува за примена во сложени услови на возење, како градилишта, за екипите за надзор или за занаетчиски зафати.
Покрај тоа што има посебна изведба на надворешноста, Партнер Про Скил на францускиот пазар се испорачува стандардно со „пакет за градилиште“. Дел од тој пакет се зголемено растојание од подлогата за 30 милиметри, заштита на подвозјето, систем за контрола на тракцијата Грип Контрол и систем за забавување по надолнина, магленки, резервно тркало со полна големина и зимски гуми 3 ПМСФ. Про Скил поседува и посебна облога на подот, за лесно чистење.
За посложени услови на возење, Пежо Партнер Про Скил се нуди и во изведба со погон 4х4, развиена од Дангел, традиционален партнер на Пежо уште од 1980-те. Посебноста е во електромоторот назад. Тука и растојанието од земја е зголемено за уште 60 милиметри, односно вкупно 90 милиметри.

Изведувањето на кабината вклучува и соборлива совозачка клупа, при превоз на предмети долги до 3,3 метри. Средишниот дисплеј од 10 инчи нуди навигација и 3 камери (над задната врата и под десниот ретровозор), заедно со дигитален средишен ретровозор и предупреедување за возило во мртов агол. Автоматски клима уред не недостига.
Три дизел мотори се достапни за Пежо Партнер Про Скил (цени во Франција):
- 100 КС со 6-степен рачен менувач: 27.000 евра, без ДДВ
130 КС со 8-степен автоматски менувач: 29.400 евра без ДДВ
130 КС со 8-степен автоматски менувач, во изведба 4×4 од Дангел: – - Доставното возило е достапно и со електричен погон, со 136 КС, досег до 332 километри, по цена од 37.100 евра без ДДВ.
Про Скил е достапен само во стандардна должина од 4,4 метри и со кабина за три лица.
















