Најпродавани компактни СУВ на европскиот пазар до октомври

На моделите од сегментот на Тигуан и Спортаж им припаѓа најголемиот дел од европскиот колач. До октомври, продадени се преку 2 милиони возила од сегментот, со раст од 17,9 проценти.

Фолксваген Тигуан е најпродаван компактен СУВ на европскиот пазар до октомври 2025 година

По периодот во којшто европските купувачи беа повеќе резервирани околу изборот на нов автомобил, во време на политичка и економска неизвесност, СУВ-моделите од градската класа го презедоа водството како најпродаван сегмент на европскиот пазар. Тоа место годинава си го вратија СУВ-моделите од Ц-сегментот, односно компактните СУВ.

На еврпскиот автомобилски пазар, во првите десет месеци од годинава се продадени 305.739 возила од С-ЦУВ сегментот повеќе отколку во истиот период лани.

Вкупната продажба на моделите во овој пазарен дел брои 2.017.644 возила, односно 17,9 проценти повеќе отколку во минатата година.

Двоцифрен раст во продажбата имале само уште сементите на СУВ-моделите од средната класа (+23,1%), вановите од средна класа (+20,6%) и луксузните лимузини (+22,3%), меѓутоа пазарниот обем на тие два сегменти е далеку зад компактните СУВ.

Единствени модели во Топ 10 што имаат раст во изминатите 10 месеци се Фолскваген Тигуан, со +3,3% и Пежо 3008 со +30,0%.

Тоа укажува дека растот во овој сегмент доаѓа од моделите што се надвор од Топ 10 и допрво ќе се појавуваат на првите места, како што е случај со Дачиа Бигстер (7-ми најпродаван модел во октомври) или Шкода Елрок (4-то место во сегментот во октомври).

Претходна објаваШест од десет се од Кина: Најголемите производители на електрични автомобили во светот
Следна објаваПаѓаат акциите на кинеските производители на автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here