Европа допрво го открива Донгфенг, најпродаваниот модел Т5 Ево одамна е познат на македонската сцена

Фортинг Т5 Ево, приклучниот хибрид ДФСК Е5 и електричниот Нами Бокс, се најпродавани модели на Донгфенг на пазарите во ЕУ годинава. Сите три модели одамна врват по македонски улици.

Фортинг Т5 Ево има постигнато преку 2.600 продажби во Европа до октомври

Сите европски производители почнаа да објавуваат гласно дека скршнале од намерата да се префрлат само на електрични возила и дека во иднина ќе ги почитуваат сите видови погон, а тоа сето време да било основа на стратегијата на најуспешниот производител на автомобили од Кина на македонскиот пазар, Донгфенг. Трите најпродавни модели на ДФМ во Унијата се чист бензинец со високи перформанси, приклучен хибриден СУВ и градски модел со целосно електричен погон.

Донгфенг Мотор и неговиот огранок ДФСК во првите десет месеци регистрирале 11.323 возила во земјите на Европската Унија, Швајцарија, Норвешка, Исланд и Обединетото Кралство. Тоа е огромен раст во споредба со лани. ДФСК, марка што подолго е позната на македонската сцена, годинава ја зголемила продажбата во Европа повеќе од двојно, од 4.080 возила лани, на 8.807 возила годинава. Кај Донгфенг, пак, растот е шесткратен, од само 435 возила лани, на 2.516 возила годинава.

Најпродаван модел на европската сцена на Донгфенг и ДФСК, коишто навистина одиграа револуцонерна улога на македонскиот пазар, во менувањето на гледиштата кон прозводителите од Кина – а во голема мера заслуга на реалните цени, без посредиштва и плаќање интерес за секоја рака, додека автомобилите пристигнат во Македонија, затоа што нашите купувачи ги добиваат возилата директно од производителот во Кина – се Фортинг Т5 Ево, со 2.614 регистрирани возила до октомври, Фенгон Е5, односно ДФСК Е5 кај нас, со 2.094 примероци, и електричниот Донгфенг Нами Бокс, со 1.687 примероци. Само на овие три модели, отпаѓаат преки три четвртини од продажбата на кинескиот производител во Европа.

Од останатите модели, одлична продажба бележи луксузниот миниван Фортинг Ју-Тур, којшто патем на македонската сцена е толку баран што одвај дека на увозникот АБЦ Брадер му останува време да го изложи во салон, а регистрирањето демо возило за тестирање е мисловна именка, потоа Фенгон 500, кај нас познат како ДФСК 500, еден од градските СУВ-модели со најдобра противвредност и одлична секојдневна реклама како такси по скопските улици, а по него и Фенгон 600, којшто во Европа сепак му препушта предимство на приклучниот хибрид Е5, со којшто ја дели основата.

Неколку модели што се секојдневие на македонските улици, како лимузината Еолус Шајн, уште фаќа залет во Европа, а истото важи и за двоецот Мејџ и Хјуџ, за коишто е сосем извесно дека допрво ќе почнат да се појавуваат низ Европа.

Тоа што менаџерите на АБЦ Брадер го најавија на ЛинкдИн, е скорешниот старт на премиум марката Воја на македонската сцена. Има бројки за Европа: 267 примероци од Кариџ и 249 примероци од Фри, двата луксузни модели, што навистина ќе предизвикаат уште еден бран промени на гледиштата кон производителите од Кина.

Хумор никогаш не е на одмет. Донгфенг и ДФСК веќе продаваат во Европа повеќе од Ферари. Италијанците 4.580 возила, Кинезите преку 11.000 возила за десет месеци. Но, далеку од тоа дека на европските производители им е толку дојдено до смеа.

На каналот на Аутомедиа на Јутјуб може да ги најдете сите тестови на моделите на Донгфенг и ДФСК

https://youtube.com/@automediamk?si=yoBJXj3tDUHn7drV

 

Претходна објаваЕвропскиот автомобилски пазар порасна 5% во октомври
Следна објаваПежо 309 ГТИ 16 од 1980-те години: Семеен автомобил што победуваше на трки

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here