
Не е првпат Џип да скрши големо стакло на бина пред насобрана публика и на тој начин да го одбележи своето доаѓање. Тоа што сега го направи огранокот на Џип во Бразил, за да се најави локалното производство на Авенџер, првпат беше изведено во 1992 година, кога Џип Гранд Чероки се проби на сцената, за време на салонот во Детроит.
Така почна бранот што веднаш го прифатија конкурентските марки и одеднаш сите почнаа да изведуваат сé поголеми спектакли, со намера да ги засенат конкурентите, со драматични ефекти.
„По 33 години, помислив дека е време за тоа да се повтори,“ напиша извршниот директор на Џип, Боб Бродердорф. „Нашиот бразилски тим го повтори овој момент, кога објавија дека неверојатниот Џип Авенџер ќе се појави на локалниот пазар во 2026 година.“
Ова е всушност третпат Џип да пробие големо стакло, за да остави впечаток пред автомобилската публика. На салонот во Детроит во 2006 година, тогашниот извршен директор на Крајслер, Том Ласорда, седна во новиот Вранглер што беше качен на бина и помина низ големиот стаклен излог, за потоа да се искачи на вештачкиот рид.
Тој потфат ја чинеше компанијата преку 500.000 долари и вклучуваше пет мали експлозиви поставени на стаклото, за да се добие впечаток дека самиот Вранглер го крши стаклото. Веста ја пренесе дури и Њујорк Тајмс. Првично немаше план за Ла Сорда да учествува во потфатот, така што неговата спонтана одлука да седне на совозачкото место ги вознемири организаторите, кои стравуваа дека директорот би можел да се повреди.
View this post on Instagram
Слично сценарио се одвиваше со Гранд Чероки во 1992 година, кога претседателот на Крајслер, Боб Луц, беше зад воланот, а градоналачникот на Детроит, Колмен Јанг, на совозачкото место.
„Имавме ‘инсајдер’ скриен во толпата, кој внимателно го гледаше предниот браник и со помош на мало далечинско, во вистинскиот момент го запали експлозивот,“ изјави Боб Луц за Роунд Енд Трак во 2019 година. „Ефектот беше одушевувачки, кога Гранд Чероки се втурна во објектот, додека ситни парчиња стакло паѓаа наоколу.“
Наспроти тоа, за трикот со Авенџер се користеше стаклен излог монтиран на бината на салонот во Сао Пауло.
Џип го искористи овој незаборавем момент за да соопшти дека в година почнува производството на Авенџер во Рио де Жанеиро, како четврти модел на Џип што ќе се монтира во Бразил.















