Во октомври беа регистрирани вкупно 262 модели со електричен погон во понудата на европскиот пазар, наспроти 223 модели што биле достапни во истиот месец лани, покажуваат податоците од Датафорс за ЕУ, ЕФТА и ОК.
Заострената конкуренција, заедно со субвенциите на клучни пазари, како што се Германија и ОК, помогнаа електричните возила (БЕВ) да постигнат раст од 33 проценти во минатиот месец. Како резултат од тоа, уделот на БЕВ во продажбата во Европа порасна на 20,6 проценти, наспроти 16,2 проценти во истиот месец лани.
Елрок е најпродаван БЕВ во октомври, а веднаш по него следи Рено 5. Двата се во голема предност пред Модел Ипсилон, којшто падна на 8-то место, од 1-то место во септември, кога постигна 26.591 продажби, и во август, со 8.549 возила.
Модели на Фолксваген се пласираа на следните три места, со ИД.4, ИД.7 и ИД.3 на третото, четвртото и петтото место во октомври.
Модел Ипсилон, сепак е во голема предност во однос на Елрок во 10-месечната споредба, со 116.186 продажби, наспроти 70.745, според Датафорс. Водечката петорка од јануари до октомври ја заокружуваат ИД.4, Тесла Модел 3 и ИД.3.
Марката Фолксваген е предводничка на пазарот на електрчни автобили, Тесла е само трета, по Хјундаи
При споредба на ниво на марки, Тесла во октомври падна на 13-то место, додека во септември беше на врвот. Меѓу останатите марки што во октомври ја престигнаа Тесла се Волво, Хјундаи и кинески Би Уај Ди.
Тоа ѝ го ослободи патот на марката Фолксваген да го заврши месецот на врвот, со 24.478 продажби, за 27% повеќе во споредба со ланскиот месец.
Рено 5 на тестот во Аутомедиа
Благодарение на Елрок, Шкода во октомври беше 2-ра напродавана марка БЕВ, со раст од 66 проценти и продадени 18.539 возила.
Рено се искачи на третот место, што е заслуга на одличната продажба на Рено 5, со раст од 100 проценти и 17.143 продадени возила.
















