Би Уај Ди со двапати повеќе дилери во Европа во 2026 година

Би Уај Ди планира двојно да ја зголеми својата продажна мрежа во Европа до завршетокот на следната година, како дел од агресивниот пробив на европскиот пазар.

Би Уај Ди со својот модел Сил Ју го има најпродаваниот автомобил со приклучен хибриден погон во Европа во првите осум месеци, но и вториот најпродаван модел - Ато 2, за по нив да следи Џејку 7

„До завршетокот на 2025 година, ќе бидеме присутни со 1.000 продажни салони во Европа, за в година да го удвоиме тоа,“ кажа Марија Грација Давино, директорка на Би Уај Ди за Европа, на настанот што на 17-ти ноември се одржа во Франкфурт.

„За да бидеме во чекор со успешните конкуренти, мораме да бидеме блиску и да им станеме блиски на европските купувачи,“ кажа Давино, која е одговорна за Би Уај Ди на пазарите од германското говорно подрачје, Источна Европа и Скандинавија.

Би Уај Ди има „долгорочна стратегија за локализација“ во Европа, кадешто производителот веќе е присутен на 29 пазари, посочи Давино, напоменувајќи дека наскоро ќе биде отворена фабриката на компанијата во Унгарија, прва нивна фабрика во Европа.

Покрај тоа, Би Уај Ди планира и фабрика во Турција, а се размислува и за трета локација во Европа, со голема веројатност дека Шпанија ќе победи во изборот.

Би Уај Ди во првите девет месеци продаде 120.342 автомобили во Европа, наспроти 29.781 автомобили во истиот период лани. Големата промена се случи откако кинескиот производител, освен целосно електрични, почна да продава и приклучни хибриди автомобили.

„Локализирањето на зрел пазар како Европа е посебно важен пролект. Тоа бара знаење, посветеност, ивнестиции и ресурси на сите рамништа“, заклучи Давино.

Со изградбата на фабрики во Европа, Би Уај Ди ги избегнува казнените царини што ЕУ ги воведе лани за електрични автомобили што се увезуваат од Кина. За приклучни хибридни модели, дополнителните царини на вообичаените 10 проценти, не важат.

Скајвел БЕ11 · Тест · Кинезите сепак го измислија тркалото

Претходна објаваШаоми првпат заработува од својот бизнис со автомобили
Следна објаваФолксваген се обезбеди со чипови, кај другите уште е неизвесно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here