Кинескиот производител на автомбили во минатиот месец регистрираше речиси седумпати поголема продажба од Тесла. Вкупно до октомври, продажбата на Би Уај Ди порасна шестпати, додека Тесла има пад од 4,5 проценти.
Во Германија, Би Уај Ди во октомври регистрираше четирипати повеќе возила отколку Тесла. Заостатокот на Кинезите зад производителот од САД е само 424 возила, по првите десет месеци.
Би Уај Ди, кусо од Билд Јоур Дримс, постигна метеорски раст на двата пазари. Компанијата лани регистрираше само 8.788 возила во Обединетото Кралство, коешто ја престигна Германија како најголем пазар за батериски електрични возила. Тесла тогаш продаваше шестпати повеќе возила.
Годинава, Би Уај Ди изби во предност во ОК, додека во Германија седумпати ја зголеми продажбата.
Компанијата продолжи да ги освојува светските пазари, иако динамиката на продажбата на домашниот пазар забави, откако Пекинг ги предупреди производителите да ја прекинат самоуништувачката ценовна војна.
Наспроти тоа, Тесла слабо продава ширум Европа, од една страна поради засилената конкуренциај, а од друга страна поради лошиот имиџ што Маск го остави врз Тесла.
Бројот на новорегистрирани возила на Тесла во Германија се намали за 54 проценти во изминатиот месец, односно годинава продажбата е преполовена во споредба со лани.
















