Европски производители на батерии бараат Брисел да ги заштити од Кина

Производителите на батерии бараат ЕУ „итно да преземе мерки“ за да ги заштити од кинеската конкуренција.

Фабриката на АЦЦ во Франција: Европската индустрија за батерии бара да се донесат прописи за локална содржина.

Европски батерии во европски електрични автомобили: Повеќе компании ѝ предлагаат на ЕУ да донесе пакет мерки со коишто ќе се пропишува локална содржина.

Производителите на батерии за електрични возила притискаат за Европската Унија да состави пакет мерки со коишто ќе се пропишува локална содржина, со цел да се заштити автомобилската индустрија. На тој начин ќе се смали зависноста од Кина и ќе се осигурат работните места во Европа.

„Состојбите во европската верига на произведување дополнителна вредност во изработката на батерии бараат итно постапување“, бараат компаниите во писмо што е испратено до претседателката на комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен.

Комисијата планира да ги објави предлозите за автомобилската индустрија на 10-ти декември.

Меѓу предлозите се очекува да се најдат и мерки за поддршка на малите возила, како и измени или одложување на целите за намалување на ЦО2.

Од организацијата Транспорт и Животна Средина бараат „јасни и обврзувачки правила“

Меѓу потписничките се компании долж целата верига на производство на батерии, од суровини до монтажа на батерии, вклучувајќи ја АЦЦ, заедничката компанија на Стелантис и Мерцедес-Бенц, којашто досега има пуштено во погон една од трите планирани гигафабрики.

Друга компанија од таков ранг е Веркор, којашто гради гигафабрика за снабдување на фабриките на групацијата Рено, како и хемискиот концерн од САД, Албермарл. Понатаму потписнички се организацијата Транспорт и Животна средина (Т и Е), како и Еуробат, здружение на европски производители на батерии.

“Доколку сега не преземеме мерки, ќе ја пропуштиме шансата за одржлив преод,“ кажува Ксавиер Сол, директор за финансирање одржливи проекти во Т и Е. „Потребни ни се јасни, обврзувачки правила за локална содржина.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Индустријата предупредува за опасност од губење работни места

Индустријата за батерии во писмото се опишува како „носечки столб“ на стратегијата на индустријата во ЕУ, но и на стабилноста, којашто „ја јакне отпорноста и безбедноста на економијата, со тоа што ја смалува зависноста од увезени фосилни горива и критични технологии од трети држави.“

Независно од тоа, извршните директори на АЦЦ, Веркор и огранокот за батерии на концернот Фолксваген, Пауер Ко, уште во септември побараа ЕУ да воведе мерки за зајакнување на веригата за снабдување за батериите и предупреди дека Унијата во спротивно ќе загуби индустрија што на годишно ниво тежи 250 милијарди евра, доколку продолжи да увезува од Азија.

Здружението на добавувачи Клепа уште во септември соопшти дека Европа може да загуби до 350.000 работни места, доколку итн не се преземат мерки. Производителите на автомобили и нивните добавувачи бараат да се користи локална содржина.

Иницијативите во Европа не успеваат

Компаниите од Кина, а во помала мера и од Јужна Кореја и Јапонија, го испорачуваат најголемиот дел од батериите што се вградуваат во автомобилите во европските фабрики. Според Т и Е, кинеските и јужнокорејските компании покриваат 90 проценти од снабдувањето на Европа со батерии.

Причината: Европската електромобилност е фатена во кинеската стапица

Наспроти тоа, инициативите за батерии во Европа не наидуваат на успех или целите се мали. Тука спаѓа и шведскиот производител Нортволт, којшто и покрај договорот со БМВ падна во стечај. АЦЦ почна да го снабдува Стелантис од нова фабрика во Франција, но планот за изградба на гигафабрики во Германија и Итаија и натаму мирува.

Потписниците на писмото бараат од Европската Комисија да пропише користење локална содржина во батериите во „Акт за забрзување на декарбонизацијата на индустријата“ и да воведе законски обврски. Таква регулатива е неопходна, за да се обезбедат инвестициите на европската индустрија.

Претходна објаваКиа и Хјундаи ќе вложат близу 75 милијарди евра во Кореја до 2030
Следна објаваБи Уај Ди продава повеќе од Тесла во Британија, рамо до рамо во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here