Близу двојно зголемување на октомвриската продажба на патничките модели (+95%) на Фиат во Австрија и солиден раст кај доставните возила (21%), односно вкупно 750 возила за еден месец.
Новите модели во понудата ѝ донесоа раст на италијанската марка што е поголем од просекот на целиот автомобилски пазар во Австрија. Поттикот од новите модели се покажа на дело прво во септември, кога во алпската држава беа продадени 97,6 проценти повеќе возила, а сега и во октомври, кога австрискиот пазар повторно регистрираше близу двоен раст, со 95% кај патничките и 21% кај доставните возила.
Фиат во октомври освои 2,7 проценти од австрискиот пазар, со продадени 417 патнички автомобили и 333 доставни возила.
Кристијан Блеј, директор на Фиат за Австрија, кажува: „Фиат во Австрија расте далеку над просекот на пазарот, што посебно ме радува, затоа што повторно правиме мобилноста да биде лесна и достапна.
Директорот секако дека посочува прво кон новата Гранде Панда, коајшто се позиционира „точно таму, каде што австриските фамилии и патнички и патници до работа бараат паметни решенија“. Тој ја цени Гранде Панда како „компактна, паметна, со силен карактер – како електро, хибрид или класичен бензинец.
Тополино исто така минува одлично во земјата што дава пример со спокојната мобилност во својата Виена. Тополино држи 24% од пазарот на микро-автомобили.
Тоа веќе одамна се препознава како знак дека стопанството врви – доставните возила постигнаа раст и во октомври.
Гранде Панда во меѓувреме имаше и промоција на македонската сцена, се чекаат првите бројки од продажбата.
















