Клубот АДАК изврши преку 28.000 прегледи на „здравствената состојба“ на батеријата во автомобили со приклучен хибриден погон и доби охрабрувачки резултати за постоечките и идните корисници на возило со ваков погон. Сепак постојат разлики од марка до марка.
Погонската батерија на возилата со приклучен хибриден погон (ПХЕВ) губи од капацитетот со текот на користењето на возилото. За да утврди колкаво е тоа влијание во вистински услови на користење, АДАК изврши темелно истражување. Автоклубот во соработка со Авилу – компанија за независно тестирање батерија – изврши околу 28.500 мерења на здравјето на батеријата (Стејт оф Хелт, СоХ). Во студијата беа опфатени различни модели од шест производители. СоХ покажува колкав е капацитетот на батеријата во моментот, во споредба со капацитетот при излегување на возилото од фабрика.
Податоците покажаа дека стареењето на батеријата се разликува од производител до производител и зависи од тоа колку се практикува возењето на струја. Општиот заклучок е дека кај повеќето од измерените автомобили, погонската батерија ќе издржи просечен век на користење на автомобилот. Но, треба да се има на ум и следното: Кога почесто се вози електрично, тоа значи поголем број на циклуси на полнење, а тоа пак води кон поизразена деградација на батеријата.
АДАК објави само ориентациски вредности што ќе послужат како помош
Кога ќе се споредат моделите од разни производители, се добива следната слика:
- Кај возилата на Мерцедес-Бенц, утврдено е дека се јавува само мало стареење на батеријата.
- Кај возилата од концернот Фолксваген, стареењето е умерено и се јавуваат само малку отстапки кај некои модели.
- Кај возила од групацијата БМВ исто така стареењето е во вообичаената рамка, но има малку повеќе отстапки кај некои модели.
- Приклучните хибриди на Форд во почетокот стареат со поголем обем, но стареењето понатаму се одвива забавено. Кај Форд сепак е мал бројот на возила со поголема километража и поради тоа не може да се утврди како батеријата старее понатаму.
- Повеќе отстапувааат податоците на Мицубиши. Голем број возила во студијата имаат изразено стареење на батеријата уште при мали километражи, но понатаму се стабилизира стареењето.

Распонот на резултатите во студијата укажува дека е препорачливо пред купување користен приклучен хибрид да се провери батеријата. Врз основа на искуствените податоци, експертите на АДАК ги препорачуваат следните вредности на СоХ:
• при 50.000 километри најмалку 92 %
• при 100.000 километри најмалку 88 %
• при 150.000 километри најмалку 84 %
• при 200.000 километри најмалку 80 %
Доколку вредноста е под наведените прагови, тоа може да укаже дека батеријата е повеќе остарена или некоа батериска ќелија е расипана. Замената на расипана погонска батерија кај користено возило, во економска смисла може да се поистовети со тотална штета.
[the_ad id=”85764″]
АДАК ги повикува производителите, батеријата на приклучните хибриди да издржува најмалку 200.000 километри и во случаи кога почесто се вози на струја. Возач на ПХЕВ може да го продолжи векот на батеријата, ако не ја полни секогаш до 100%. За батеријата е најпрепорачливо да се полни од 20 и најмногу до 80 проценти.
Клубот им препорачува на возачите што имаат намера да возат почесто на струја, доколку одговараат и други услови, сепак да се решат за чисто батериски електричен автомобил.
Исксуствата од супертестовите на АДАК покажуваат дека голем број од современите електрични автомобили се соодветни за секодневието и нивните батерии мора поретко да се полнат, со што и векот на траење на батеријата ќе се продолжи.

















„Батерија“ (на англиски) или „акумулатор“ (по нашински) ?
треба да и` објасните на публиката. Збунува ако се измешаат двете?! – барем на македонски.
Под батерии во објавата се подразбираат батерии на возила со приклучен хибриден погон. Во изминатите близу 30 години откако е започнато сериското производство на возила со електрифицирана погонска спрега, под батерии секогаш се подразбирале батерии, а под акумулатор акумулатори. Секако дека може да постојат исклучоци и некои луѓе да се најдат збунети, меѓутоа на повеќето им е јасно за што станува збор. Поздрав.