
Новите автомобили Порше нема да бидат највредното парче уметност во дилерскиот центар што се вгради покрај историскиот Рут 66 во Пасадена, Калифорнија.
Руснак/Пасадена Порше ќе вложи близу еден милион долари во алуминиумска скултура што е инспирирана од облините на 911 и ќе биде поставена пред новиот салон. Креацијата е насловена „Ин Моушн“, долга е 36 метри и висока 4,5 метри. Таа ќе биде осветлена ноќе и ќе создава единсвена атмосфера фрлајќи светлина врз изложените автомобили, но и на собирите што ќе се одржуваат тука.
Главниот уметник Џејсон Пиларски, при дизајнирањето на скулптурата што ја избрале Руснак Ауто Груп, користел концепти од студентите на Арт Центар Колеџ оф Дизајн, којшто се наоѓа во близина и каде што имаат студирано бројни познати дизајнери на автомобили.
„Идејата се роди од студија на иконскиот Порше 911, којашто се одликува со органски облини, место остри рабови – единствена перспектива на дизајн на спортски автомобил,“ опиша Пиларски во поднесокот за одобрување од градот. „911 и останатите Поршеа го нагласуваат органскиот дизајн и го соединуваат со врвна технологија и ултра високи перформанси. Од тој спој на природа и технологија се изроди идејата за скултурата, што е со органски форми и ги прикажува движењето и технологијата.“
Градот Пасадена барал Руснак да вложи 1 процент од дозволената вредност на проектот – односно тоа се 250.000 долари од проектот за дилерството што чини 25 милиони долари – во уметност на просторот. Руснак се решиле да вложат дополнителни 700.000 долари над минимумот.
Изработката и поставувањето на скултурата се очекува да трае околу шест месеци. Новиот дилерски центар во дел опфаќа објект изграден во 1929 година, што своевремено служел како фабрика за мебел. Отворањето е планирано за в година.















