Уште еден производител на електрични автомобили во САД ќе го награди шефот со милијарди

Одборот на Ривиан ја удвои основната плата на Скаринџ на 2 милиони долари, според советот од независен консултант, за неговата плата да се усогласи со добивката на акционерите.

Ривиан ќе го награди извршниот директор Ар Џеј Скаринџ со пакет вреден до 4,6 милијарди долари, скроен слично како за Илон Маск.

Производителот на електрични автомобили Ривиан соопшти дека за извршниот директор е скроен план за компензација вреден до 4,6 милијарди долари за следните десет години. Тоа е слично со рекордниот пакет за компензација што Тесла го подготви за својот извршен директор Илон Маск, доколку се исполнат поставените цели за профитот.

Оваа одлука на одборот на Ривиан, што беше донесена на 7-ми ноември, укажува дека планот на Тесла за компензација на Маск може да стане пример за компаниите што тежнеат за брз раст. Компензацискиот пакет на Ривиан за извршниот директор Ар Џеј Скаринџ може да стане еден од најскапите во историјата, но само доколку бидат исполнети целите што се предвидени.

Новиот пакет воедно сведочи и за решеноста на Ривиан да го задржи основачот и да ја поттикне неговата посветеност за компанијата да расте и да заработува. Ривиан ги произведува и продава електричниот СУВ-модел Р1С и пикапот Р1Т. В година треба да стартува помал СУВ со ознака Р2, којшто ќе се бори против Модел Ипсилон, најпродаваниот модел на Тесла.

Акционерите на Тесла на 6-ти ноември изгласаа, на извршниот директор Илон Маск да му биде исплатен компензациски пакет во рекордна висина од 1 билион долари, доколку бидат исполнети оперативните и финансиски прагови за следните 10 години. „Ривиан можеби не копира директно, но точно е дека постојат карактеристики што се слични со Илон Маск,“ вели Јонат Асајаг, партнерка во консултантската куќа Клир Бриџ Компензејнш Груп.

Овој пакет е сведоштво дека останатите компании го следат примерот на Тесла, за огромните награди за своите извршни директори да ги условат со силен пробив на пазарот, вели Јонат, додавајќи дека и во нејзината фирма биле постигнати такви договори за компензација на директорите. „Целта не ни е да држиме чекор со Маск, туку поведени сме од наградата за Маск.“

Според новиот награден план, Скаринџ ќе добие можност да купи до 26,5 милиони акции во Ривиан, што е 16 милиони акции повеќе од досегашниот удел, по цена од 15,22 долари по акција.

Оваа награда ќе биде реализирана, доколку вредноста на акциите на Ривиан во следните 10 години се зголеми од сегашните 40 на 140 долари, заедно со други оперативни цели и прилив на готовина во следните седум години.

Претходниот план за награда, поставен во 2021 година, беше поврзан со зголемување на вредноста на акциите на Ривиан од 110 на 295 долари. Производителот го откажа тој план, образложувајќи дека е мала веројатноста за таа цел да биде достигната.

[the_ad id=”85764″]

Доколку Ривиан ги достигне целите што се предвидени со пакетот, тој ќе добие 4,6 милијарди долари, покажа пресметката на Ројтерс. Добивката за акционерите ќе изнесува 153 милијарди долари, сооошти Ривиан.

Посебно од тој договор, Скаринџ доби 1 милион акции во Мајнд Роботикс, нов посебен огранок на Ривиан, со надворешно финансирање, каде што ќе се работи на индустриска вештачка интелигенција. Доколку бидат остварени целите, Скаринџ ќе добие економски интерес од 10 проценти.

Скаринч ќе биде претседател на управниот одбор на Мајнд Роботикс, а Ривиан ќе биде акционер во компанијата.

Претходна објаваКина ги тргна блокадите за извоз на чипови од Нексперија што го загрози светското автомобилско производство
Следна објаваДилер на Порше во САД ќе привлекува внимание со скулптура од 1 милион долари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here