Кина ги тргна блокадите за извоз на чипови од Нексперија што го загрози светското автомобилско производство

Кина дозволи изземање од забраната за извоз на чипови од Нексперија за примена во цивилни цели, соопшти министерството за економија на 9-ти ноември. Со тој чекор ќе се разреши тесното грло во снабдувањето со чипови на производителите на автомобили и на нивните добавувачи.

Холандската влада ја презеде контролата врз Нексперија на 30-ти септември, со образложение дека сопственикот Вингтек планирал европското производство на компанијата да го пресели во Кина, со што би се загрозила сигурноста на европската економија.

Ова соопштение е најсилниот знак досега, дека Пекинг ќе го спушти притисокот врз светското производство на автомобили што се создаде по воведувањето на забраната за извоз, откако холандската влада ја презеде контролоата врз Нексперија, голем производител на едноставни чипови што се користат во електричните системи во автомобилите.

Седиштето на Нексперија се наоѓа во Холандија, но таа е во сопственост на кинеската компанја Вингтек.

Кинеското министерство за економија не наведе точно што се подразбира под цивилна примена, но соопштението е издадено откако германски и јапонски компании објавија дека им продолжиле испораките на чиповите на Нексперија што се произведени во Кина.

Холандија се соочуваше со сé посилни притисоци да ја реши кризата, откако моќни производители на автомобили, како групацијата Фолксваген, предупредија за опасноста од кусок од чипови во светски размери. Хонда неодамна ги смали предвидувањата за профитот за годинава, откако го запре производството во неколку свои фабрики.

Трговските врски меѓу Кина и Холандија, а со тоа и Европската Унија, сепак ќе останат затегнати, додека не се реши спорот околу сопственоста на Нексперија и нејзиното работење.

Холандската влада на 30-ти септември ја презеде контролата врз Нексперија, под образложение дека сопственикот Вингтек планирал европското производство на компанијата да го пресели во Кина, со што би се загрозила сигурноста на европската економија.

[the_ad id=”85764″]

Кина одговори со воведување забрана за извоз на чиповите произведени во компанијата, коишто во најголем дел се пакуваат во Кина, иако пред две седмици најави дека ќе почне да издава изземања од забраната, по средбата меѓу претседателот Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг на 30-ти октомври.

Кинеското министерство за економија повеќетпати напомена дека го заштитува светското снабдување со микрочипови и дека Холандија е виновна што не преземала чекори да се надмине спорот.

Во објавата на министерството во неделата се наведува дека Кина има надежи оти ЕУ ќе „продолжи да ги засилува“ напорите и да ја поттикне холандската страна да се повлече од Нексперија.

Најновите случувања следат по неодамнешните преговори меѓу претставници на двете земји, во коишто Пекинг се сложи за преговорите да се оджуваат во Кина. Во соопштението од 8-ми ноември, кинеското министерство за економија побара Холандија да преземе конкретни мерки за да се заштитат правата на кинеските фирми.

Претходна објаваЗа стан од Пагани од 30 милиони долари во Мајами подарок суперавтомобил од 3 милиони долари
Следна објаваУште еден производител на електрични автомобили во САД ќе го награди шефот со милијарди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here