Илон Маск ќе добие 1.000 милијарди долари, но само ако продаде 20 милиони Тесли и милион роботски-такси возила

Акционерите на Тесла одобрија на извршниот директор Илон Маск да му биде исплатена награда во висина од 1 билион долари за следните 10 години, што би било највисока награда откако светот знае за фирма.

Компензацискиот пакет, односно наградата за Маск, одобрен е со преку 75 проценти од гласовите, соопшти правниот застапник на Тесла, Брендон Ерхард, на акционерското собрание на 6-ти ноември.

„Тоа што ни претстои, не е обично ново поглавје во иднината на Тесла, туку е сосем нова книга,“ изјави Маск пред инвеститорите на собранието во седиштето на Тесла, во Остин, Тексас.

Голем дел од растот на Тесла треба да произлезе од развојот на хуманоидниот робот Оптимус, кажа Маск.

Извршниот директор, познат по своите претерани најави, со голем ентузијазам зборуваше за иднината на компанијата. Тој кажа дека Тесла би можела да произведува милијарди роботи и да ја спречи сиромаштијата.

„Ќе ја лансираме најбрзата производствена рампа на голем и коплексен производ во историјата, почнувајќи од изградба на производствена линија за милион единици во Фремонт (Калифорнија)“, изјави Маск. „А, потоа производствена линија за 10 милиони единици годишно тука“ во Остин.

Маск на акционерската средба го прикажа новиот прототип на Оптимус.


„Верувам дека оттука може да излезат десетици милијарди роботи Оптимус. Очигледно дека е многу важно што посветуваме внимание на безбедноста,“ кажа Маск.

Шефот им се обрати на акционерите на собирот: „Чувајте ги вашите акции во Тесла.“

Вредноста на акциите во Тесла порасна околу 1 процент во завршното тргување на 6-ти ноември.

Акционерите гласаа и тројца директори да останат во одборот на Тесла.

Дел од предложената компензација беше, на Маск да му се додели правото да гласа со својот пакет акции од околу 15 проценти. Планот за компензација беше развиен и одобрен од одборот на Тесла и на акционерите им беше претставен во септември.

Пред гласањето, претседателката на одборот на Тесла, Робин М. Денхолм, предупреди дека Маск би можел да си замине доколку не се изгласа предложениот пакет. Таа кажа за Блумберг дека Маск „би можел да го разбере тоа како негативна оцена за неговото раководење“, и дека тој би можел да си замине или да се откаже од функцијата на извршен директор на Тесла.

Во меѓувреме, електричен Скалвел од Кина на тест во Аутомедиа

[the_ad id=”85764″]

Маск со пакетот си стави обврска да исполни низа предизвикувачки цели за профитот и за оперативниот биланс, за да ја добие компензацијата во акции во вредност од 1 билион долари.

Меѓу тие цели спаѓаат достигнување на вкупна продажба од 20 милиони возила на Тесла, значи вклучувајќи ги сите досега произведени Тесли, пуштање во промет на милион роботски такси возила и достигнување на валидациски праг што прво треба да се искачи на 2 билиони долари, за потоа да достигне 8,5 билиони долари, почнувајќи од тековната пазарна вредност на компанијата од околу 1,5 билион долари.

Аналитичарите на Вол Стрит предвидуваа дека планот ќе мине, напоменувајќи дека Маск може да си гласа преку својот удел и дека акционерите со големо мнозинство претходно ги имаат изгласано компензациските пакети за Маск во 2018 и во 2024 година.

Претходниот компензациски пакет, проценет на околу 56 милијарди долари, останува во правна сива зона. Судија во Делавер ја одби исплатата во 2024 година, наведувајќи дека одборот не бил доволно независен, а иако инвеститорите повторно го потврдија пакетот годинава, наградата сé уште е заглавена во суд.

Големите акционери беа со поделени ставови околу новиот план за компензација.

Подржувачите, како Лафер Тенглед Инвестментс, ценат дека раководењето на Маск може да се исплати доколку Тесла ги исполни целите, додека пензискиот фонд на јавните работници во Калифорнија и норвешкиот капитален фонд предупредија дека наградата ќе предизвика разидување и дека премногу моќ се доверува на една личност.

Претходна објаваРено за само две години го разви новото Твинго за да им се спротивстави на кинеските соперници
Следна објаваХоландија ќе им ја врати Нексперија на Кинезите, ако тоа ја реши светската криза со микрочипови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here