Шефот на Мерцедес очекува раст на пазарот во САД и покрај царините на Трамп

Мерцедес-Бенц и натаму гледа пазар за раст во САД, со план да ја зголеми својата производствена мрежа во земјата, и покрај притисокот од увозните царини, кажа извршниот директор Ола Калениус.

Електричен СУВ на Мерцедес се произведува во Венс, Алабама. Шефот Ола Калениус планира да го зголеми производството во САД.

„Среќни сме што имаме силно производство во САД,“ изјави Калениус пред новинарите, при соопштувањето на резултатите од бизнисот во третото тромесечје на 29-ти октомври.

Мерцедес-Бенц планира да ја зголеми својата производствена мрежа во САД во следните четири до пет години, кажа тој. „Веруваме дека имаме простор за раст во таа петгодишна перспектива“. За производителот да се приспособи на тековните состојби со увозните царини, сепак ќе бидат потребни „неколку години“.

Во фабриката на Мерцедес-Бенц во Венс, Алабама, во моментов се произведуваат СУВ-моделите ГЛЕ, ГЛС и електричните Е Ку С и Е Ку Е.

Продажбата на Мерцедес-Бенц во САД во третото тромесечје опадна за 17 проценти, на 70.800 возила. Царините скусија 1,5 процентен бод од оперативната маржа на Мерцедес во изминатото тромесечје, изјави директорот за финансии Харалд Вилхелм.

Исто како соперниците, Мерцедес ги менаџираше залихите од возила што ги има во САД, со цел да се заштити од влијанието од увозната царина во висина од 15 проценти, за моделите што ги увезува од Европа. Доналд Трамп ги воведе царините на 1-ви септември.

На прашањето дали производителoт иmа намера да ги зголеми цените во САД, за да надомести за влијанието од царините, Калениус кажа: „Тоа е нешто што треба да се третира на претпазлив и добро промислен начин, со почит кон купувачите.“

[the_ad id=”85764″]

Добивката е намалена, но изгледите се позитивни

Неоданочената добивка на Мерцедес-Бенц во третото тромесечје опадна за 70 проценти, на 750 милиони евра. Освен царините во САД, врз добивката влијаеше и падот од 27 проценти во продажбата во Кина, поради жестоката ценовна конкуренција во земјата.

Производителот сепак не ги менува прогнозите за билансот за годинава. „Нашите резултати за третото тромесечје се во согласност со нашите предвидувања за целата година,“ кажа Калениус.

Тоа е спротивно од БМВ, каде што ги спуштија финансиските прогнози за 2025 година. БМВ очекува мал пад во неоданочената добивка на групацијата, откако претходно беше соопштено дека таа ќе остане на истото ниво од лани. Порше, во меѓувреме, четирипати ги намали прогнозите за 2025 година.

Во Мерцедес-Бенц се убедени дека воведувањето во продажба на неколку нови модели во следните години ќе придонесе за зголемување на добивката, додека производителот се движи во насока на електрични возила. Меѓу новите модели се ЦЛА и новата генерација на ГЛЦ. Компанијата планира во следните три години да пушти во продажба преку 40 нови и освежени моделски серии на светскиот пазар.

Претходна објаваКои се седумте финалисти во изборот на автомобил на 2026 година во Европа
Следна објаваСАД ветија надминување на кризата со чипови што ја предзвикаа и ја загрозија целата автомобилска индустрија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here