Кинескиот производител на батерии КАТЛ со профит зголемен за 41 проценти

Профитот на Контемпорари Амперекс Технолоџи Ко. порасна во третото тромесечје, благодарение на тоа што најголемиот производител на батерии за електрични автомобили во светот го задржа водството во Кина и продолжи освојувањето нови извозни пазари.

Чистата добивка во трите месеци порасна за 41 проценти и достигна 18,5 милијарди јуани (2,6 милијарди долари), соопшти компанијата на 20-ти октомври, што е во согласност со предвидувањата на аналитичарите на Блумберг.

Понатамошното освојување на пазарите надвор од Кина ќе зависи од тоа колку ќе напредува продажбата на електрични автомобили на тие пазари. Производителите во Европа и во САД отстапија од своите амбициозни намери за електрификација и испратија повик до Брисел, да се ублажи планот за целосна забрана за продажба на возила со мотор со внатрешно согорување во Унијата по 2035 година.

КАТЛ го задржа лидерството во светот, со удел од 38,5 проценти во вкупниот капацитет на вградени батерии во електрични автомобили во првите осум месеци од 2025 година. Домашниот соперник Би Уај Ди го зголеми својот удел, благодарејќи на зголемената потреба од батерии за своите автомобили, иако се соочува со силен конкурент, затоа што КАТЛ испорачува батерии за голем број производители на автомобили.

Проширувањето на извозните пазари е основа за понатамошниот раст на КАТЛ. Значителен удел од средствата што пристигнаа со успешното појавување на берзата во Хонг Конг во мај, наменети се за проширување во Европа. Кон завршетокот на годинава или рано во следната година се очекува да стартува производство во Унгарија.

Во меѓувреме е проширена производствената палета, со вклучувањето на неколку различни хемиски состави за батерии, покрај обичните литиум-јон ќелии, со цел компанијата подобро да се приспособи на промените во побарувачката за ЕВ во Европа. Работата на КАТЛ сепак е чувствителна на геополитички тензии, вклучувајќи ги ограничувањата за кинеска технологија во САД и Европа.

Пекинг во ноември воведува нови контроли за извозот на делови за литиумски батерии, со коишто на извозниците им се поставува услов да побараат дозвола за извоз. Тоа воведува неизвесност околи идните напори на КАТЛ да ги освојува извозните пазари.

Најавата за тестот на Скајвел БЕ11

КАТЛ во август привремено ја запре работата во својот рудник за литиум во провинцијата Џангши, поради итекувањето на дозволите, што доведе до поскапување на материјалот, но и на залихите на конкурентските компании.

Се очекува дека КАТЛ ќе ги продолжи дозволите и со тоа ќе се смали неизвесноста околу достапноста на батерии во кус рок. Цените во меѓувреме се стабилизираа.

Претходна објаваСамо една Мерцедес Е-Класа беше посилна од Е 50 АМГ, шестлитарската Е 60 АМГ
Следна објаваОвој пикап носи знак на Нисан, но е дело на Донгфенг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here