Француските работници во Стелантис стравуваат за работните места со новиот шеф Антонио Филоса, Италијанецот

Работниците во францускиот синдикат на концернот Стелантис се загрижени дека ќе забават активностите во Франција, додека новиот извршен директор Антонио Филоса вложува напори да го врати производителот на автомобили во форма.

Филоса го презеде раководењето со концернот Стелантис во јуни и воведува коренити промени во работењето на компанијата, којашто беше создадена во 2021 година со соединувањето на Пежо и Фиат Крајслер. Концернот вклучува 14 марки, меѓу кои Фиат, Ситроен, Џип, Опел, Пежо и Рам.

Ветеранот на Фиат Крајлсер, Италијанец, назначи на раководни места неколку од своите колеги, со коишто има соработувано долги години, за време на неговиот ангажман во Јужна Америка. Последната значајна смена беше назначувањето на Емануел Капелано за шеф со надлежност за целиот европски пазар.

За време на поранешниот извршен директор Карлос Тавареш, кој си замина во декември, откако компанијата крајно неочекувано објави значителен пад во профитот, главнината од раководството беа ветерани од ПСА, односно од групацијата околу Пежо и Ситроен.

Францускиот работнички синдикат ЦФЕ-ЦГЦ искажа загриженост од потезите на Филоса и се побуни дека интересите и искуствата на француската страна биле запоставени.

Промените „би можеле да ја разнишаат рамнотежата што беше постигната со спојувањето на ПСА и Фиат Крајслер, посебно во поглед на производството и развојот на идните модели,“ порача синдикатот во своето соопштение, во коешто главно се застапени интересите на вработените во администрацијата. Француската експертиза била „магинализирана“ и постои загриженост „дека некои фабрики во Франција или Европа би можеле да бидат жртвувани.“

Тест на зимски гуми: Внимателно со евтините гуми, предупредува АДАК

Антонио Филоса ќе го објави новиот стратешки план во почетокот на 2026

Филоса во почетокот на следната година треба детално да ги образложи своите планови, посебно околу бројните фабрики во Европа што работат далеку под капацитетот. По неколку години со профитабилна работа, по спојувањето во 2021 година, политиката на Тавареш со строго скусување на трошоците и значителни поскапувања на возилата, дојде до точката на прелевање, кога почнаа да се натрупуваат залихи од непродадени возила во Европа. Дополнителен удар беше тоа што значително ослабна продажбата во САД, каде што концернот Стелантис постигнуваше најголема заработка.

По заминувањето на Тавареш, некои од членовите на неговиот тим со долги години работа за ПСА, исто така го напуштија концернот.

Стелантис затвори на кусо неколку свои фабрики во Европа, поради забавената побарувачка за некои од своите модели. Згора на тоа, Филоса планира да вложи 10 милијарди долари во САД, за повторно да ја насочи посветеноста на Стелантис кон пазарот што е клучен за профитот. Од друга страна, САД за време на Трамп станаа мошне крути околу дозволувањето увоз во земјата.

Претходна објаваТест на зимски гуми: Внимателно со евтините гуми, предупредува АДАК
Следна објаваШкода ја одржува продажбата на концернот Фолксваген во плус

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here