Корпорацијата Тојота Мотор соопшти дека развива систем со малечок дрон, што ќе помага при возењето по земјени патишта и беспаќе.
Јапонскиот производител поднесе барање за патентирање до Сојузната управа за цивилна авијација на САД, за систем што би имал за цел да помага за стекнување подобра слика за просторот, во услови кога се вози надвор од патната мрежа.
Кога возачите ќе добијат претстава за средината околу возилото, за можните опасности и за подлогата по којашто треба да се мине, тие ќе можат побезбедно да го испланираат патот и да минат без потешкотии, стои во соопштението. Тојота во поднесокот до Управата вели дека повеќето од летовите со дрон би се случувале во близина на возилото. „Корисниците можат повремено да пуштат дрон да лета над крошните и да снима видеа, со цел тие да добијат подобра претстава каде се наоѓаат и да го проверат теренот.“
Во август, Министерството за транспорт на САД предложи нови закони за да забрза развојот на дронови, над видното поле на корисниците. Тоа е важна промена што е неопходна за да се поттикне комерцијална примена, на пример, за достава на пратки.
Тојота ги поздрави предложените закони на Министерството за транспорт и напомена дека во случајов се работи на проект за којшто нема објавено досега. Компанијата нема обврска да го примени системот со дрон на којшто работи.
„Тојота постојано работи на нови технологии на најразлични полиња. Во овој момент немаме планови што би ги објавиле,“ кажуваат претставници.
Тојота Ланд Крузер по единствениот пат без патарина од Скопје до Велес
Министерството објави дека со исклучувањето на одредени барања „значително ќе се прошират полињата на примена за дронските технологии, во подрачја како што се производство, земјоделие, производство на енергија, снимање филмови и транспорт на производи, вклучувајќи животоспасувачки лекарства.“
















