Опел Мока освои награда за дизајн од читателите на Ауто Мотор унд Шпорт

Во категоријата на малечки СУВ и кросовери, во изборот за најдобро дизајнирани модели во организација на германскиот магазин Ауто Мотор унд Шпорт, победата ѝ припадна на Опел Мока.

Новата Опел Мока ГСЕ го привлекуваше вниманието на публиката на големиот салон на автомобили ИАА Мобилност, што заврши во минатата недела. Според гласовите на публиката, не мора да биде врвната спортска изведба, па да го привлече вниманието.

Стандардните изведби на Опел Мока беа мошне убедливи во изборот Аутонис, за најдобар автомобилски дизајн, што редовно го организира германскиот магазин Ауто Мотор унд Шпорт. Читателите гласаа за Опел Мока да биде „најдобар дизајнерски новитет на 2025 година“.

Новото моделско годиште на Мока победи со 49,6 проценти од гласовите, во категоријата на малечки СУВ и кросовери. Со тоа продолжи успешната низа на моделите на Опел во изборот за Аутонис. Во 2022 година, победата ја понесе Опел Рокс, за во следната година германските читатели да ја избeрат Опел Корса за победничка во категоријата на малечки автомобили.

„Опел Мока сега настапува уште посмело, поостро и појасно. Ние направивме благи зафати на точните места, за бестселерот да го направиме уште посамоуверен и попривлечен за нашите клиенти“, вели шефот на Опел за Германија, Патрик Дингер.

Силен настап: Новата Мока вози поостро, посовремено и подигитално од кога било досега

Опел Мока е меѓу моделите со највпечатлив стил во класата. Моделското освежување што Мока го претрпе годинава донесе поостар изглед. Тоа се однесува на препознатливото лого на Опел и на графиката на предните и задните светла. Најголемата новина сепак не може да се превиди. Тоа се трите нови бои Колибри Сина, Тропски Зелена, што се достапни само за Мока, како и Графички Сивата боја.

Видеото од тестот на Опел Мока во Аутомедиа

Промените ја зафатија и внатрешноста. Воланот е зарамнет горе и долу, со цел да се внесе спортска нота. Дизајнот на воланот ги следи линиите на Визорот во предниот дел од Мока и на „компасот“, двете обележја на дизајнот на Опел.

Средишната конзола е изработена со мат сребрена завршница. Целиот кокпит беше преработен со цел да се постигне впечаток на модел од повисока класа. Пример за тоа се прекинувачите за електричната паркрна сопирачка и за режимот на возење, што потекнуваат од врвниот модел Опел Грандленд.

Вкупно 14.000 читатели дадоа гласови за своите фаворити во 13-те категории. Во изборот учествуваа вкупно 117 нови модели.

Претходна објаваФиат Гранде Панда ја враќа Италија во трка за македонскиот пазар
Следна објаваШефот на Киа за Европа: „Не ми е работа да се борам со Кинезите околу цените“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here