Ауди за 30 минути собра 10.000 преднарачки за својата кинеска подмарка

Кинескиот партнер на Ауди објави охрабрувачки вести: За 30 минути пристигнале преку 10.000 преднарачки за првиот модел од подмарката за Кина. Сите преднарачки сепак не се претвораат во купување.

Бројките што ги објави САИЦ Ауди за претпродажбата на Е5 Спортбек сведочат за висока побарувачка за подмарката што е специјализирана за Кина.

Побарувачката за првиот модел од новата подмарка АУДИ – марката се пишува со големи букви и моделите не ги носат четирите прстени на матичната марка – се чини дека е голема. Како што САИЦ Ауди, заедничката компанија којашто раководи со подмарката за Кина, објави на друштвената мрежа Веибо, на почетокот на претпродажбата за АУДИ Е5 Спортбек, на 18-ти август, за време од 30 минути пристигнале 10.153 нарачки.

За споредба, матичната марка Ауди во првото полугодие продаде 8.000 чисто електрични возила во Кина, иако уште недостигаа важните модели, како Ку 6Л е-трон и неговата изведба Спортбек. Во меѓувреме, двата модели почнаа со продажба.

Се почнува со достапни цени

Е5 Спортбек е првиот модел од подмарката електрични возила што посебно се развиени и наменети за Кина. Развојот траеше само две години. Овој исклучително кус развој е постигнат со тоа што се користи готова платформа, развиена од кинескиот партнер САИЦ.

Марката од Инголштат со подмарката АУДИ цели кон млади купувачи во Кина, што се разбираат во техника. Со цената, моделите на АУДИ се движат далеку под цените на матичната марка Ауди.

Е5 Спортбек во Кина почнува со цена што одговара на 33.200 долари. Електричниот автомобил со тоа е на споредливо ниво со Нио ЕТ5, што кинеските медиуми го ценат како главен конкурент.

Бројот на преднарачки не е ист со продажбата

Пред почетокот на продажбата на АУДИ Е5 постоеше голема неизвесност, дали во Кина, како пазар што се префрлува на електрични автомобили, уште има место за германските производители. Домашните компании се мошне силни на кинескиот пазар со своите елеткрични автомобили, коишто располагаат со најсовремена технологија.

Бројките за претпродажбата што се објавени, не даваат точен одговор на тоа прашање. Објавувањето на тие бројки е мошне популарен инстурмент на маркетингот во Кина. Постои практика при пуштањето во продажба на нови модели, во живо да се пренесува како расте бројот на преднарачки за тоа возило.

Оваа практика сепак треба да се земе со голема резерва, затоа што бројот на преднарачки не значи и дека сите ќе бидат претворени во купување на возилото. Со преднарачка за возилото, потенцијалните купувачи не се обврзни да го купат истото. Поради тоа, уште останува неизвесноста, колку од тие преднарачки навистина ќе се реализираат во продажба на возилото.

Ауди вели дека тоа е „мошне позитивен одѕив“

Таа бројка сепак може да се земе како ориентир. Со преку 10.000 нарачки за 30 минути, Е5 Спортбек е во лигата на модели што се нашле во насловите во кинеските медиуми.

Планираната продукција укажува дека САИЦ Ауди има големи очекувања со новата подмарка. Заедничката компанија при почетокот на сериското производство на Е5 Спортбек, соопшти дека погоните во фабриката во Антинг, што се наменети за подмарката АУДИ, можат годишно да произведат по 360.000 возила. Во следните две години, доаѓаат уште два модели од подмарката.

Новиот Ауди А6 во салонот на Порше Македонија

Како што соопшти претставник на Ауди, големиот број на преднарачки претставува доказ за „мошне позитивниот одѕив“ за Е5 Спортбек во Кина.

Претходна објаваИстражување во САД: Сопственици си ги продаваат Теслите, преоѓаат на други марки
Следна објаваНа 27-ми септември почнува Бахус Рели, доаѓаат тимови со олдтајмери од Европа да возат цела седмица низ Македонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here