Стелантис ја смени политиката, директорите повторно смеат да одат на деловни ручоци

Стелантис ја смени политиката и им дозволи на шефовите за набавка повторно да прифаќаат покани за деловни ручоци и подароци вредни до 100 долари.

Слика: www.protera.com

Шефовите за набавка во концернот Стелантис, што договараат зделки со добавувачите на компоненти и материјали за фабриките на концернот, сега имаат дозвола повторно да прифаќаат покани во ресторан и на настани, доколку тоа е поврзано со работата на концернот. Има само неколку ограничувања.

Вредноста не смее да надмине 100 долари, а скапите патувања се забранети. На шефовите за набавка им се дозволува да присуствуваат на најмногу два настани од еден добавувач (на пример Бош, Контионентал и сл.) во годината. Прифаќање подароци што надминуваат симболична вредност не се дозволува.

„Оваа промена на политиката е одговор на забелешките на нашите вработени и на нашите добавувачи, надоврзувајќи се на останатите иницијативи што ги презедовме во насока на подобрување на односите со добавувачите,“ одговори претставничката на Стелантис, Џоди Тинсон, во е-писмо до Крејн Детроит Бизнис, огранок на Аутомотив Њуз.

Дружењето низ вино и храна долго време беше дел од културата на автомобилска индустрија. Така се потпишуваа договори и се постигнуваа зделки, за време на вечера или при играње голф. Повеќето од производителите, како Форд и Џенерал Моторс, уште ја дозволуваат оваа практика во одредена мера, иако некои имаат построга политика. Тоа важи посебно за добавувачите, чијшто бизнис зависи од одлуката што ќе ја донесат шефовите за набавка.

Стелантис ги попушти ограничувањата во поглед на „забавите“, како дел од намерата да ги приближи односите со добавувачите што останаа заладени од времето на извршниот директор на конернот, Португалецот Карлос Тавареш. Овој концерн произлезе од спојувањето на Фиат Крајслер Аутомобилс и Пежо СА, и негуваше студени односи кон производителите на делови што коцернот ги вградува во своите возила.

Во ерата на Тавареш, компанијата ги влоши односите со добавувачите. Обемот на тоа незадоволство се покажа во полна мера во минатата година, кога добавувачите поднесоа бројни тужби, што го наруши името на Стелантис. Во изминатите пет години, Стелантис постојано беше на дното на списокот на производители на автомобили, од коишто добавувачите се најзадоволни.

Одобрението за шефовите за набавки да се сретнат очи во очи е добредојдена вест и доказ дека производството на автомобили е бизнис што зависи од односите, кажуваат директорите на добавувачите за Крејн. Производителот на автомобили што дејствува на двете страни на океанот го изгуби тоа од увид, посебно во Северна Америка, откако концернот го префрли вниманието повеќе кон Европа, место кон Детроит.

Претходна објаваТрамп ги спушти царините за јапонските автомобили
Следна објаваКои се автомобилските новитети на салонот ИАА во Минхен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here