Трамп ги спушти царините за јапонските автомобили

Претседателот Доналд Трамп на 4-ти септември потпиша налог за применување на пониски царини за увозот на јапонски автомобили и останати производи, што беше договорено во јули. Тоа е големо олеснување за јапонската еконономија, којашто е исклучително зависна од извозот.

Корпорацијата Тојота, којашто претрпе трошок од близу 10 милијарди долари поради царините, ги поздрави напорите на Трамп да се постигне трговска спогодба со Јапонија.

Со формализирањето на спогодбата меѓу САД и клучниот азиски сојузник, по повеќемесечните преговори, попушта неизвесноста за јапонскиот автомобилски сектор, откако во јули беше постигнат начелен договор. Со тоа воедно се потврдува и спогодбата, за Јапонците да инвестираат 550 милијарди долари во проекти во САД.

Царинската стапка што е намалена на 15 проценти, во споредба со 27,5 проценти што важеа досега, ќе стапи на сила по седум денови од службената објава.

Со претседателскиот декрет се осигурува и дека царинската стапка од 15 проценти, што во јули беше договорена за увозот од Јапонија, нема да биде придодадена на стоката што веќе е предмет на повисоки царини, како што е говедското месо, додека за стоката што претходно беше предмет на царини под 15 проценти, стапката сега ќе се помести на 15 проценти. Одредбата важи ретроактивно до 7-ми август.

Покрај тоа, се осигурува ослободување од царини за комерцијални автиони и делови.

„Конечно,“ објави Риосеј Аказава на мрежата Икс, главниот јапонски преговарач, одговарајќи на повеќемесечните преговори што предизвикаа разочарување кај законодавците во Токио. Тој во изминатава недела 10-ти пат патуваше за САД, на преговори.

Обраќајќи се пред новинарите во Вашингтон, Аказава кажа дека Јапонија го поздравила декретот како „последувателно спроведување на договорот постигнат на 22-ри јули“.

Министерот за трговија на сад, Хауард Литник, на Икс објави видео што го прикажува неговиот разговор со Аказава и во коешто тој кажува дека со одредбата „се става на сила одушевувачкиот, историски договор.“

Царините на Трамп влијаеја врз извозот на Јапонија и силно ги погодија јапонските производители на автомобили.

Корпорацијата Тојота Мотор, којашто изгуби речиси 10 милијарди долари од својот профит, поради царините, ги поздрави напорите на Трамп да се постигне трговска спогодба со Јапонија. „Иако близу 80 проценти од возилата што Тојота ги продава во САД се произведени во Северна Америка, со оваа рамковна спогодба се постигнува неопходната транспарентност,“ објави компанијата.

САД во јули постигнаа договор да се спуштат царините за увоз на јапонски автомобили, меѓутоа целиот овој период мина во неизвесност, дали Трамп ќе ја потпише извршната одредба.

Јужна Кореја, соперник на Јапонија во извозот, уште чека да се потпише извршната одредба што се однесува на сличната трговска спогодба со САД. Со тоа, увозот на автомобили од Киа и Хјундаи ќе подлежи на царина од 15 проценти, место досегашните 25 проценти.

Како резултат од тоа, акциите на најголемите јапонски производители на автомобили малку пораснаа, додека акциите на производителите од Јужна Кореја беа во мал пад.

Договори вредни милијади долари

Со одредбата на Трамп, Јапонија „работи во насока на очекуваната имплементација на 75-процентно зголемување на увозот на ориз од САД … и набавка на земјоделски производи, вклучувајќи пченка, соја, ѓубрива, биоеталол (заедно со одржливо авионско гориво)“ и останати производи од САД, во вкупна вредност од 8 милијарди долари годишно.

Во посебно заедничко соопштение, Јапонија ќе купи 100 авиони Боинг и ќе ја зголеми годишната набавка на одбранбена опрема од САД „за милијарди долари“, а се бара и потпишување нов договор за набавка на течен нафтен гас од Аљаска.

Со заедничкото соопштение се осигурува и дека петиот најголем трговски партнер на САД секогаш ќе добие најниска царинска стапка за чипови и фармацевтски производи, од сите спогодби што ќе ги потпише Вашингтон.

Билатералната трговска размена меѓу двете земји во 2024 година достигна близу 230 милијарди долари, при што Јапонија има трговски суфицит од околу 70 милијарди долари.

Претходна објаваБМВ тврди дека и-Икс-3 со четири супермозоци и 800 километри досег е прв вистински софтверски автомобил
Следна објаваСтелантис ја смени политиката, директорите повторно смеат да одат на деловни ручоци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here