Киа во август продаде над 250.000 возила, триото Спортаж, Селтос и Соренто стандардно на врвот

Во денешните услови на автомобилскиот пазар е успех, продажбата да се задржи на истото ниво. Киа се пробива на сите фронтови, со нови модели, дел електрични, дел хибриди.

Во следниот месец се очекува новото моделско годиште на Киа Стоник да стартува на македонскиот пазар, кусо по премиерата
  • Августовскиот пазар на Киа брои 253.950 возила, што е малку над продажбата во истиот месец лани
  • За растот најмногу е заслужен домашниот пазар, со продадени 43.501 возило или 7,4% повеќе од август 2024
  • На извозните пазари беа постигнати 209.887 продажби, што е незналчителен пад од 0,4% од лани

Корпорацијата Киа во август постигна раст од 0,8 процент во споредба со лани, со продадени 253.950 возила на светскиот пазар.

Задржувањето на продажбата на Киа во овие вонредни услови на автомобилската сцена, покрај царините во САД и засилувањето на конкуренцијата од Кина, се должи на растечката побарувачка за електричните и хибридните модели на корејската марка. Во исто време, продолжува високата побарувачка за СУВ-моделите, за Спортаж и Селтос.

Токму СУВ-возилата ја предводат августовската продажба. Спортаж во минатиот месец постигна вкупна продажба од 44.969 примероци, пред помалиот модел Селтос со 27.805 и пред луксузниот Соренто, со 18.466 примероци.

Продажба на пазарите вон Јужна Кореја

Продажбата вон Кореја, исклучувајќи ги возилата за посебни намени, забележи незначителен пад од 0,4 процент, со 209.887 примероци.

Надвор од Кореја, прв носител на продажбата на Киа секако дека е Спортаж, со 39.214 возила, а по него следи Селтос со 23.567 возила. Двата сродни модели К4 (наследничка на Сид во Европа) и К3, со тоа што вторава на некои пазари се продава како Форте, постигнаа заедничка продажба од 15.881 возило.

Корејски пазар

Домашниот пазар во август прими 43.501 нови возила на Киа, што е за 7,4 проценти повеќе од лани.

Прв модел во продажбата на корејскиот пазар е луксузниот Соренто, со 6.531 возило во август. Следи уште едно луксузно возило, повеченаменскиот ван Карнивал, со 6.031 возило, а светскиот бестселер Спортаж на тамошниот пазар го заслужи само третото место, со 5.755 возила.

Киа очекува дека засилената продажба на електрични модели ќе ја држи динамиката до завршетокот на годинава. Нови електрични модели се ЕВ4, ЕВ5 и ванот ПВ5.

Претходна објаваРаботниците во Хјундаи во тридневен штрајк, бараат покуси смени и повисоки плати
Следна објаваАуди А6 во деветтата моделска генерација во салонот на Порше

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here