Синдикатот на компанијата во Кореја, којшто вклучува околу 40.000 членови, ќе започне со делумен штрајк во повеќе фабрики ширум земјата, вклучувајќи ги Улсан, Чонџу и Асан.
Работниците ќе ги напуштат своите работни места во времетраење од 2 часови, на 3-ти и 4-ти септември, односно четири часови, на 5-ти септември.
Одлуката да се стапи во штрајк со прекин на производството следи откако мнозинството на синдикатот, на гласањето на 25-ти август даде поддршка за планот.
Синдикатот побара од управата да се исплати бонус од 30 проценти, од чистата добивка на компанијата во 2024 година, кога Хјундаи постигна рекорден промет благодарение на растот на пазарот во САД.
Се бара и возраста за пензионирање да се помести на 64 од легално гарантираните 60 години, како и да се воведе работна недела од 4 и пол денови, соопштуваат од синдикатот.
Синдикатот на Хјундаи во 2003 година беше меѓу првите во Кореја, што постигна договор со управата за воведување петдневна работна недела, во земја во којашто повеќето вработени беа ангажирани половина работно време во саботите.
Синдикатот на Хјундаи е еден од најголемите и највлијателни работнички здруженија во Кореја. Последен пат пред седум години, синдикатот стапи во целосен штрајк и бараше да се преговара за платите.
Во декември 2024, во протестите кога поранешниот претседател Јун Сук Јол се обиде да изврши државен удар, синдикалните работници на Хјундаи стапија во дводневен делумен штрајк.
















