Тојота во Чешка ќе го произведува својот прв електричен автомобил во Европа

Тојота најави производство на електричен автомобил во својата фабрика во Чешка. Тоа ќе биде прв електричен модел на јапонската марка од европско производство. Наскоро почнува и изградба на нов погон, во којшто ќе се составуваат батерии во кругот на фабриката.

Тојота во својата фабрика во чешки Колин ги произведува Ајго Крос и Јарис Хибрид.
  • Тојота беше попретпазлива со своите електрични автомобили во споредба со соперниците и тоа ѝ помогна во ова време, кога е забавена побарувачката за електрични автомобили во светски размери.
  • Тојота воедно ќе вложи и во нов погон за составување на батериите во фабриката.
  • Тојота најави дека во 2025 и 2026 година ќе пушти во продажба 9 батериски електрични автомобили од марките на групацијата во Европа.

Тојота најави производство на електричен автомобил во својата фабрика во Чешка. Тоа ќе биде прв електричен модел на јапонската марка од европско производство. Наскоро почнува и изградба на нов погон, во којшто ќе се составуваат батерии во кругот на фабриката.

Производителот не посочи за кој модел станува збор и не наведе рок, меѓутоа соопшти дека во проширувањето на фабриката во Колин, што се наоѓа на 60 километри источно од Прага, ќе вложи околу 680 милиони евра. Средствата ќе бидат наменети за производство на новиот модел и за батериите што ќе се вградуваат во истиот, како и за нова лакирница и нов погон за заварување.

Владата на Чешка ќе вложи до 64 милиони евра во наменската фабрика за батерии, соопшти Тојота.

Автомобилската индустрија учествува со околу 10 проценти во бруто домашниот производ на Чешка. Одлуката на Тојота да произведува БЕВ во Колин претставува клучен чекор во насока на „задржување на автомобилското производство во нашата земја,“ порача чешкиот премиер Петр Фиала во соопштението.

Тојота беше повеќе претпазлива од своите соперници во нудењето батериски електрични модели, што се покажа од голема корист во минатата година, кога забави светската побарувачка за електрични автомобили.

Компанијата искористи од зголемената побарувачка за своите хибридни модели, вклучувајќи го и својот најголем пазар, САД.

Во почетокот на годинава, корпорацијата Тојота најави дека во 2025 и 2026 ќе пушти во продажба девет модели со целосно електричен погон од своите марки Тојота и Лексус, на пазарот во Европа.

Во фабриката во Колин се произведуваат Јарис во хибридна изведба и малечкиот кросовер Ајго Крос. Од ноември, и најмалечкиот модел на Тојота ќе се произведува само во хибридна изведба. Годишниот капацитет на чешката фабрика изнесува околу 220.000 возила.

Претходна објаваАуди Концепт Ц е најава за идниот ТТ со новиот дизајнерски правец
Следна објаваРаботниците во Хјундаи во тридневен штрајк, бараат покуси смени и повисоки плати

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here