Волво назначи нов шеф за продажба, Северинсон со големи планови за електричната 60-ка

Новиот комерцијален директор на Волво сака да го прошири тимот со којшто ќе работи. На сликата е електричната лимузина Е С 90, конкурент на Порше Тајкан

Волво од минатиот октомври работи без човек што е назначен на вообичаената функција на комерцијален директор. Швеѓаните сега го враќаат местото и му ја доверија функцијата на Ерик Северинсон, кој ќе раководи со проширен тим.

Северинсон доаѓа од местото на раководител со стратегијата и производите на Волво, работи во компанијата од 2008 година, а од 2024 година е член на извршниот одбор.

Тој доби дополнителен ангажман да работи на стратегијата, откако поранешниот заменик на извршниот директор и комерцијален директор Бјорн Ангал си замина пред 10 месеци. Останатите должности на Анвал им беа прераспределени на тројца други директори.

Главната промена од времето на Анвал е во тоа што Северинсон, 46, понеспоредно ќе раководи со развојот на модели и со комерцијалните активности.

Северинсон и неговиот наследник на местото на раководител со стратегијата и производите, Михаел Флајс, 52, ќе соработуваат директно со шефовите за трите моделски серии на Волво: Александер Петрофски е одговорен за сериите 30 и 40, Акил Кришнан раководи со тимот за серијата 60, додека на Оскар Бертилсон Олсборг му припаѓа серијата 90.

Видеото од тестот на Волво Икц Ц 90 во врвната изведба

Новиот комерцијален директор сака да се осигури дека Волво нема да остави големи празнини во својата понуда од модели. „Мора да имаме понуда за секој клиент во секој регион, без разлика на видот на погонот,“ кажува Северинсон. „Тоа е важно и токму тоа ни недостигаше во минатото.“

Северинсон ќе ги раководи и шефовите на Волво во три клучни региони – Трите Америки, Европа и Кина – за делувањето на компанијата да се ориентира посебно за секој регион. Тоа е еден од главните приоритети на новиот шеф за продажба.

Монтажа на Волво Е Икс 90 во фабриката во Риџвил, Јужна Каролина. Волво в година ќе почне таму да го произведува и Икс Ц 60.

Главната промена што ќе ја воведе Северинсон е почетокот на производството на СУВ-моделот од средна класа Икс Ц 60 во фабриката на Волво во САД. Со тоа ќе се избегне финансискиот удар од високите царини за увоз на автомобили од Европа, што ги воведе Трамп.

„Нашата фабрика не е во Мексико или Канада. Таа е во САД. Тоа е стратешката предност, што сакаме да ја искористиме за зајакнување на продажбата во САД на возилата што ние ги произведуваме таму,“ кажува директорот.

Лансирањето на електричниот СУВ-модел Е Икс 60 е посебно важно

Главната задача на Северинсон во Европа ќе биде лансирањето на важниот СУВ-модел од средна класа со електричен погон, Е Икс 60, да биде мазно, за разлика од поголемиот електричен модел Е Икс 90, што доцнеше две години поради доработка на софтверот.

Тој вели дека Е Икс 60 е од „огромна важност“ за Волво, затоа што ќе се бори во клучниот сегмент на СУВ од средна класа, каде што продажбата на целосно електрични модели во првите шест месеци од годината забележа раст од 33 проценти, покажуваат податоците на аналитичарската куќа Датафорс.

„Постои голема конкуренција во сегментот, но таму е растот,“ додава директорот. „Единствен начин да се бориш во сегмнент што расте е со свеж производ.“

Новиот Волво Икс Ц 70 има активна решетка во маската што автоматски се отвора и затвора за да се подобрат аеродинамичноста, климата во кабината и ладењето.

Во Кина, Волво се надева дека нивниот прв приклучен хибрид со продолжен досег Икс Ц 70 ќе го донесе потребниот раст во продажбата. Во првото полугодие, Волво продаде за 10 % помалку возила во Кина.

„Мораме да продолжиме да веруваме во нашата марка, да ја оптимизираме автономно како регион Кина-за-Кина и да се посветиме на сегментите во коишто расте побарувачката,“ вели Северинсон. „Тоа вклучува приклучни хибриди со продолжен досег и батериски електрични возила.“

Претходна објаваНови ЕВН-станици за полнење електрични автомобили во Радовиш и Делчево
Следна објаваOpel има посебна понуда за возила на лагер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here