Нисан сака со електричната Микра да ги освои жените

Главното обележје во изгледот на новата Нисан Микра се големите и тркалезни светла. Истата форма ја следат и задните светла.

Шефот за развој на нови модели на Нисан Европа верува дека целта е постигната.

„Микра е поелегантен модел што повеќе ќе ги привлекува женските купувачи, додека Рено 5 е поспортски и повеќе е машки модел“, изјави Александер Армада за Аутомотив Њуз Европа за време на настанот на 22-ри јули во Париз.

Во што Микра се разликува од Рено 5?

Во дизајнот на новата Микра, што е создаден во студиото на Нисан во Лондон, доминираат големите и тркалезни диодни светла. Истиот дизајн се повторува и во задните светла. За споредба, предните светла на Рено 5 се во форма на трапез, додека задните се исправени.

Таа промена ѝ дава препознатливост на Микра, и покрај тоа што покривот и целата површина под прозорци се исти со Рено 5.

Нисан го смени и дизајнот на сите каросериски панели, за Микра на тој начин да се разликува повеќе од Рено 5, без да се менува структурата на францускиот автомобил.

Други разлики во изгледот се нагласените арки во крилата, што внесуваат цврстина во појавата. Кај Рено 5 помалку се нагласени арките.

Во внатрешноста, главен е воланот на Микра, што е посебен за овој модел на Нисан.

Технологијата на двата модели се разликува во тоа што Микра може целосно да запре кога ќе се отпушти педалот за возење. Кај Рено 5 не постои таква функција.

Нисан ги замени сите каросериски панели на Микра, за таа повеќе да се разликува од Рено 5.

Видеото од тестот на Рено 5 во Аутомедиа

Во што се слични Микра и Рено 5?

Двата автомобили се разликуваат во битни детали, меѓутоа постојат и голем број идентични детали:

  • Изборот од две големини на батерија, од 40 и од 52 кВч, исто како и енергетската електроника
  • Електромоторот
  • Досегот до 419 километри со поголемата и 319 километри со помалата батерија
  • Моќност од 122 или 150 КС
  • Моќ на полнење 90 или 110 кВ
  • Полнење од 15 до 80 проценти за 30 минути
  • Стандардно се вградува тоиплинска пумпа, што ја зголемува ефикасноста и го продолжува досегот, во сите варијанти на моделите
  • Систем за следење лента, приспособлив темпомат, предупредување за возило во мртов агол, предупредување при напуштање лента и запирање кога при возење наназад наидува возило од попречен правец
  • Гугл Мапи се интегрирани во инфо-забавниот систем
  • Обновување на софтверот од податочен облак

Уште една важна заедничка одлика на двата модели е почетната цена од 28.000 евра во Франција.

Микра ќе се произведува во Ампер, огранок на Рено, заедно со Р5, во фабриката во Дуе, Франција.

Нисан има долга историја со Микра

Ова е шестата генерација на Нисан Микра.

Од првата Микра од 1983 година досега се продадени преку 6 милиони примероци на светскиот пазар.

Нисан очекува дека околу 20 проценти од сопствениците на претходната генерација на Микра, којашто престана да се произведува во 2022 година, ќе учествуваат во продажбата на новиот модел.

Уште 20 проценти од продажбата на Нисан Микра ќе доаѓаат од сопствениците што ќе го заменат целосно електричниот Лиф или градскиот СУВ-модел со бензински мотори Џук.

Главнината од купувачите на новата електрична Микра, а тоа се 60 проценти, ќе дојдат од конкурентските марки и од нивните малечки кросовери.

Продажбата на Нисан Микра во Франција почнува во октомври. На останатите пазари ширум Европа, автомобилот ќе пристигне кон завшетокот на годинава или рано во почетокот на 2026 година.

Армада не ги наведе бројките од продажбата што ги очекува од Микра.

Рено 5 во меѓувреме е најпродаван малечок автомобил на европскиот пазар во првото полугодие, со продадени 33.840 примероци. Со тоа, петката е во предност пред Ситроен е-Ц3 со продадени 22.342 и Пежо е-208 со 10.051 примероци.

Еден од четирите нови батериски електрични модели во период од две години

Микра е првиот од четирите нови батериски електрични модели што Нисан планира да ги лансира до почетокот на 2027 година.

По Микра следи новиот Лиф, којшто стана кросовер и доаѓа напролет. Третата генерација на Лиф за Европа ќе се произведува во фабриката на Нисан во Сандерленд, Англија.

Микра поседува два екрани од по 10,1 инчи што се споени да изгледаат како еден

Нов Џук, што ќе се произведува само во електрична изведба, ќе биде конструиран врз скусената платформа ЦМФ-ЕВ што ја поседува сојузот Рено-Нисан, и тој исто така доаѓа в година. Џук ќе ја користи истата платформа со Лиф и исто така ќе се произведува во Сандерленд, заедно со Лиф, како и со Арија ЕВ.

Четвртиот модел е најавен за завршетокот на 2026 година, и тоа ќе биде градско мини врз база на новиот Рено Твинго. Рено ќе ги произведува двата модели во Ново Место, Сл,ованија. Сестринската марка на Рено, Дачиа, исто така ќе прозиведува своја верзија од овој модел.

Продажбата на Нисан во првото полугодие во Европа опадна за 5,4 проценти, на 165.901 примероци, додека целиот пазар беше 1,1 процент во минус. Најпродаван модел на Нисан е Кашкај со 78.397, пред Џук (51.592) и СУВ-моделот од средна класа Икс Трејл со продадени 19.620 примероци.

Претходна објаваМерцедес ГЛЦ на струја доаѓа со сосем нов изглед на маската
Следна објаваЏорџето Џуџаро преживеа пад во провалија, Ландоверот му го спаси животот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here