Жил Видал заминува од Рено, ќе дизајнира за марките на Стелантис

Стелантис го назначи Жил Видал, главен дизајнер во Рено, да раководи со дизајнот на европските марки на концернот.

Со веста што беше објавена на 25-ти јули, Жил Видал се враќа дома, откако мина 25 години како дизајнер на Ситроен и Пежо, со одговорност како главен дизајнер на Пежо од 2010 до 2020 година.

Тој доаѓа на место на Жан Пјер Плуе, кој си заминува од Стелантис, стои во соопштението.

Видал ќе има одговорност пред Жан Филип Импарато, главниот оперативен директор на Стелантис за Европа, откако ќе ја преземе новата функција на 1-ви октомври.

Видал почна да работи во Ситроен во 1996 година и во следните 14 години напредуваше до местото на главен дизајнер на концептни автомобили и напредни дизајни. Тој премина во Пежо во 2010 година, како главен дизајнер, и во следните 10 години раководеше со дизајнирањето на бројни модели, меѓу кои 308, 3008 и 208. Трите модели го освоија насловот на Автомобил на годината во Европа.

Видал се пресели во Рено кон завршетокот на 2020 година. Рено Сеник и Рено 5/Алпин А290 ја понесоа наградата на Автомобил на годината во Европа, дизајнирани во ерата на Видал.

Целото видео од тестот на Ситроен Ц3 Еркрос

„Неговото длабоко разбирање за европската автомобилска култура и неговото размислување што е чекор понапред, ќе бидат клучни додека ние продолжуваме да ја менуваме мобилноста и да го зајакнуваме идентитетот на нашите европски марки“, порача Импарато во соопштението.

Во Стелантис, Видал ќе раководи со дизајнот на широк спектар од марки, од големоволуменските марки Фиат и Ситроен, до премиум марката Алфа Ромео и луксузната марка Масерати.

Претходна објаваТоп 10 најпродавани модели во Европа до јуни (Дел 4): Премиум модели, од градска до луксузна класа
Следна објаваУште една традиција на БМВ: Секое лето целата понуда од модели добива мали зафати

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here