Развојот во БМВ напредува постојано, пристигаат нови технологии, се усовршуваат постоечките. Како што доаѓаат нови генерации модели, така со нив доаѓаат и нови технологии, дел од нив се воведуваат и во постоечките модели. БМВ вели дека тоа е „моделска нега“.
Дигитализација и електрификација се двете подрачја во коишто БМВ изврши најмногу зафати за целата своја понуда од модели да ја донесе на исто технолошко
рамниште. Нова т.н. енергетска електроника во електричниот БМВ и4 донесе пониска потрошувачка, а со тоа и подолг досег. Во семејството на и4 доаѓа и досега најсилната погонска изведба. Следна поголема новина е воведувањето на дигиталниот клуч.
БМВ Икс 1, БМВ Икс 2 и БМВ Актив Турер од серијата 2 имаат новини во опременоста. Во серијата 1 и во Гран Купе од серијата 2 сега стандардно се добиваат грејачи во предните седишта. Сега може да се избира меѓу два различни гласови на персоналниот асистент.
БМВ и4: Намалена потрошувачка, нов топ-модел со зголемена моќност
БМВ и4 еДрајв35 и БМВ и4 еДрајв40 профитираат од примената на микрочипови со силициум карбид во енергетската електроника (СИЦ-инвертер). Со тоа се намалува потрошувачката за 4,5 проценти и досегот се продолжува за 22 километри.
Нов врвен модел е и4 М60 иксДрајв, со моќност зголемена за 57 КС, односно вкупно 601 КС во споредба со претходникот. Спринтот трае само 3,7 секунди.
Видеото од тестот на БМВ Икс 3
БМВ Дигитален Клуч: Паметен телефон место клуч
Откако БМВ иИкс во март го означи стартот, дигиталниот клуч сега е достапен во моделските серии 1, 2 Гран Купе и Актив Турер, Икс 1, Икс 2, серија 5, М5, сериај 7. Во август следат Икс 5, Икс 5 М, Икс 6 и Икс 6 М, Икс 7 и Икс М. Следен е Икс 3 во САД и во Јужна Африка.
Со Дигиталниот Клуч се добиваат обичен клуч, сетап-картичка и сервисна картичка. Поврзувањето со кој било паметен телефон од тековна продукција е лесно и брзо, со скенирање на КјуАр кодот. Потоа се влегува во апликацијата Мај БМВ и се активира телефонот како дигитален клуч. Кодот може преку СМС да се испрати до вкупно 18 паметни телефони, со можност да се ограничат функциите за одреден корисник.
Збогатена опременост за серијата 1 и за Гран Купе од серијата 2
Богатата стандардна опременост на серијата 1 и Гран Купе од серијата 2 се дополнува со грејачи во предните седишта и аларм. Пакетот М Техника 2 што стои на располагање за БМВ М135 иксДрајв и М235 иксДрајв Гран Купе сега опфаќа и безбедносни ремени со штеп во боите на М ГмбХ.
Нови бои за Актив Турер од серијата 2, Икс 1 и Икс 2
Нови бои се Фајер Ред металик и Најт Даск Блу за Актив Турер, односно Дјун Греј за Икс 2 (бојата имаше премиера во Икс 3). Сите три нови бои се достапни и за Икс 1, а со нив и БМВ Индивидуал Фроузен Портимао Блу металик. Вештачката кожа Веганца е опција и достапна во бои Кастанеа, сиво-бела и Атлас сива/сиво- бела, кај Актив Турер и Икс 2. Седишта во сина боја се новина како опција при избор на спортски седишта. Уште една новина се внатрешни лајсни алу-шедоу.
Новини во БМВ Икс 3 и БМВ иИкс
Кај БМВ Икс 3 отсега стои на располагање и впечатлива заштитна лајсна на праговите со знак на М ГмбХ, како дел од опционалниот М Спортпакет/Про, односно стандард кај Икс 3 М50 иксДрајв.
БМВ иИкс добива избор на ексклузивна боја БМВ Индивидуал Фроузен Пјур Греј.
Ултимативен Пакет за БМВ Икс 5 М Компетишн и БМВ Икс 6 М Компетишн
Во овој пакет спаѓа хауба од карбон, заедно со капи на ретровизори од карбон, панорамски стаклен покрив, вентилација во седишта и масажа, плус комфор-пакет. Со тоа доаѓа и врвен аудио систем од Бауерс енд Вилкинс, и најважното, поместување на брзинското ограничување на 290 км/ч. Кај Икс 6 м Компетишн се добива и карбонски спојлер назад.
















