
Во истиот временски период во 2025 година, продажбата на батериски електрични авотмобили не само што се врати, туку и постигна раст од 35 проценти во споредба со лани. Во првото полугодие во Германија биле регистрирани 249.155 БЕВ (батериски електрични возила), што е повеќе од кога било досега.
Овој раст се случува во време кога целиот германски пазар во првото полугодие имаше пад од 5 проценти, со продадени 1.402.789 автомобили.
Најпродаван модел со батериски електричен погон во Германија од јануари до јуни е Фолксваген ИД 7, со вкупно 18.017 примероци.
Концернот Фолксваген има дури осум модели од своите марки меѓу најпродаваните 10 БЕВ во земјата во првото полугодие.
Единствени два модели што не потекнуваат од концернот се Тесла Модел Ипсилон и БМВ и Икс 1.
Аналитичарите на Датафорс напоменуваат дека рекордната продажба на БЕВ во земјата се случува кога купувачите не добиваат каква било субвенција за нивниот избор.
Нагло пораснала и продажбата на приклучни хибриди, со раст од 56 проценти и продадени 138.633 возила.
Меѓу големите победници се најпродаваниот приклучен хибрид Фолксваген Тигуан, со продадени 7.563 примероци, потоа Купра Форментор (6.443), Волво Икс Ц 60 (6.332), како три најпродавани модели со приклучен хибриден погон.
Движењето на вкупната продажба на одделните марки беше поделено во две групи.
Во првата група се марките што или ја зголемиле или ја задржале продажбата на претходното ниво. Со повпечатлив раст се Рено (+7,9 проценти), Шкода (+4,6 проценти), BMW (+4,1 проценти) и Форд (+3,7 проценти). Со иста или незначително смалена продажба се марката Фолксваген (-1,2 проценти), Мерцедес-Бенц (+0,2 проценти), Волво (+0,4 проценти) и Мини (+0,8 проценти).
Во втората група на марки со поголем пад се Опел (-20 проценти), Сеат (-34 проценти) и Тесла (-58 проценти). Ситр три производители изгубиле по 10.000 примероци од продажбата што ја имале во првите шест месеци во 2024 година.















