Топ 10 најпродавани модели во Европа до јуни (Дел 1): Градски, компакти, мини, средна класа

Најголем раст во продажбата имаат електричните автмобили, во повеќе класи. Електричниот ИД 7 веќе го престигна Пасат

Најголем скок бележи Сузуки Свифт, со продажба зголемена за 36,5% во споредба со истиот период лани, додека најголем пад има кај Фолксваген Поло, на 8-то место, од 12,9 проценти во минус. Клио, 208, Корса, Фабиа и Свифт ја зголемиле продажбата, додека Сандеро, Ц3, Јарис, Поло и Ибица се продале послабо.

Во целиот сегмент се продадени 815.751 возила во првите пет месеци, што е раст од 4,3 проценти во споредба со лани.

Најголем раст во продажбата од 58,5 проценти има постигнато електричниот Фолксваген ИД.3, додека најголем пад има кај Опел Астра, со продажба намалена 36 проценти. Единствено ИД.3 и Купра Леон имаат зголемена продажба, кај сите останати модели има пад.

Во целиот сегмент се продадени 559.919 возила во првите пет месеци, што е пад од 18,2 проценти во споредба со лани.

Со најголем скок во сегментот на мини автомобилите е електричната Дачиа Спринг, со 62,5 проценти на 5-то место, додека со најголем пад е Фиат 500, на 9-то место, како модел што престана со производство во Европа. Во позитива се и10, Пиканто и Спринг, додека Панда, Ајго Крос, електричниот 500е, Игнис (престана производството) и 500 се во минус. Два нови модели се Хјундаи Инстер и БИД Долфин Сурф.

Во целиот сегмент на мини-автомобили се продадени 199.723 возила, односно за -25,3% помалку возила од истиот период лани.

Со повеќе од шесткратно зголемена продажба (+651%), електричниот Фолксваген ИД 7 го потврдува водството во сегментот. Најголем пад бележи Пежо 508, со 67% во минус. Раст имаат ИД 7, Пасат, Суперб, Сил, додека сите останати модели имаат намалена продажба.

Во целиот сегмент на лимузини и комби од средната класа се продадени 144.927 возила и тоа претставува раст од 5,6 проценти во споредба со првите пет месеци во 2024 година.

Претходна објаваКиа Стоник · Дали е тоа автомобилот со најдобра противвредност до 20.000 евра?
Следна објаваКина бара ЕУ да дозволи фер пристап за автомобилите во унијата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here