Кинеските марки со историски удел во Европа, држат 5,4% од пазарот

Градскиот модел МГ 3 во мај постигна раст од 27 проценти на европскиот пазар.

Додека целиот европски пазар порасна за само 1,3 проценти и достигна 1.116.095 продажби, билансот е сосем различен кај кинеските производители. Нивниот удел во мај порасна на 5,4 проценти, што е историски највисоко учество на кинеските марки во Европа. Вторпат се случува нивниот удел да биде над пет проценти.

Во мај во 2024 година, кинеските автомобили учествуваа со 3,0 проценти на пазарот во Европа. Во април годинава, уделот беше 4,6 проценти, покажуваат податоците од консултантската куќа Датафорс.

Меѓу кинеските производители, БИД има најголем раст во бројот на продадени возила, со преку 10.000 возила повеќе во споредба со мај лани, односно со вкупно 13.580 возила во минатиот месец.

Главен двигател на продажбата на БИД е СУВ-моделот од средна класа Сил Ју, чијашто продажба во мај се зголеми за преку 7.000 возила. Повеќето од нив се во изведбата со приклучен хибриден погон.

Најголем раст во проценти, пак, има Чери, со 900 проценти во плус и продадени 7.963 возила во мај. Тоа е заслуга во најголем дел на марките Џејку и Омода, коишто лани беа лансирани на европскиот пазар. Чери во мај 2024 година сепак имаше слаба продажба, со 794 проценти, така што растот е релативен.

Кај МГ Мотор, којшто е сопственост на САИЦ, продажбата порасна 27 проценти и достигна 26.855 возила. Предводник во продажбата е градскиот модел МГ 3, со продажба зголемена за преку 4.600 возила во споредба со мај лани, односно со вкупно 6.300 возила.

МГ во мај го задржа водечкото место меѓу кинеските производители во Европа, исто како што е случај и со продажбата во првите пет месеци од годинава. До мај се продадени вкупно 126.493 возила, што е голема предност пред 54.986 возила на БИД и 29.539 возила на Чери.

Високите царините за увоз на ЕВ од Кина во ЕУ ги наведоа кинеските марки да се префрлат на приклучни хибриди

Дополнителните царини што ЕУ во ноември ги воведе за батериски електрични возила увезени од Кина, влијаеја за кинеските производители да ја сменат стратгегијата од БЕВ на прикучни хибриди.

Вкупната продажба на сите кинески автомобили во мај порасна 85 проценти и достигна 60.215 возила.

По категории:

  • Батериски електрични автомобили +31%, продадени 17.530 возила
  • Приклучни хибриди +874%, продадени 13.040 возила
  • Хибриди +991%, продадени 9.560 возила
  • Бензинци +20%, продадени 17.726 возила

Поради сменетите пазарни услови, батериските електрични автомобили во првите пет месеци учествуваат со ист удел во продажбата на кинеските марки во Европа, колку нивните автомобили со неелектрифициран погон, односно со 30 проценти.

Новиот кинески бестселер на македонскиот пазар?

Додека во мај лани, БЕВ учествуваа со 41 проценти во продажбата на Кинезите во ЕУ, годинава во мај, уделот е намален на 29 проценти. За периодот јануари-мај, уделот е 30 проценти годинава, наспроти 42 проценти лани.

Уделот на ПХЕВ порасна од 4% на 22 проценти, односно од 5% на 16 проценти за пет месеци.

Исто и уделот на чистите хибриди порасна од 3% во мај лани, на 16 проценти годинава, односно од 2% на 20 проценти во првите пет месеци.

Речиси една третина од продажбата на кинеските автомобили во Европа се бензинци без електрификација. Нивниот удел во мај се намали на 29 проценти, наспроти 45 проценти во истиот месец лани, односно од 46 проценти на 30 проценти во првите пет месеци.

МГ учествува со две третини во продажбата на кинески автомобили со бензински мотор до мај, со свои 50.260 возила во вкупно 77.906 возила со бензински мотор. Со дваесетина илјади возила се придружува ДР Мотор, италијански беџ-инженеринг, односно продажба на возила на Чери и други кинески производители под сменето лого.

Претходна објаваСтелантис на пат да ја продаде марката Масерати
Следна објаваРено Клио втор месец во низа е најпродаван модел во Европа, и Сандеро е веднаш тука

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here