Германските фабрики за автомобили во ризик да прекинат со работа, Кина го блокира извозот на ретки метали

ВДА, германското здружение на производители на автомобили,  предупредува дека ограничувањата што Кина ги воведе за извоз на легури што содржат ретки метали и се користат за магнети, ја доведува браншата во сериозна опасност и може да предизвика забавување на производството и недостиг од суровини, доколку решението не се најде брзо.

Бавното одобрување дозволи за извоз, исто како и долготрајните административни процедури околу извозот со важечки дозволи, им предизвикува значителни проблеми на производителите на автомобили, предупредува Хилдегард Милер, претседателка на здружението ВДА. Милер го испрати соопштението до Ројтерс, што е првпат лобито да предупреди за опасност од запирање на производството.

Дипломати, производители на автомобили и директори од брнашата, од Индија, Јапонија и Европа, бараат итна средба со кинески владини претставници, со цел да се забрза издавањето одобренија за извоз на ретки метали што се користат за изработка на магнети. Тоа за Ројтерс го изјавија извори на 3-ти јуни, откако Кина во април воведе нови правила што бараат извозниците прво да добијат одобрение за извоз од Пекинг.

„Иако некои лиценци се издадени, тоа во моментов е недоволно за да се обезбеди тековно производство… доколку ситуацијата не се смени брзо, не се исклучува забавување на производството, па дури и прекини во производството,“ порачува Милер.

[the_ad id=”85764″]

Овој недостиг се заканува дека дополнително ќе им наштети на веќе загрозените патишта на набавки на производители од рангот на Фолксваген, Мерцедес и БМВ, исто како и на добавувачите Бош и останати важни субјекти, чијашто работа зависи од ретки метали, што меѓу другото се користат за погонски електромотори за возила.

Претходна објаваМерцедес, БМВ и ФВ поставуваат брзи полначи од 600 киловати ширум Европа
Следна објаваНовиот шеф на Пежо: „Не сакаме да бидеме премиум марка“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here