Алпин А390 е електричен кросовер за трка против Тесла и Порше

А390 ја продолжува традицијата на спортската марка Алчин и покрај тоа што има форма на кросовер, порачуваат директорите на марката на Рено.

Понудата на Алпин ќе се прошири на три модели, кога А390 ќе се појави во салоните во почетокот на следната година и ќе им се придружи на спортскиот модел А110 и на комбилимузината А290, којашто се базира врз Рено 5.

Во терминологијата на Алпин, ознаката А390 укажува на големината на возилото и на категоријата на моделот. Тројката се користи за модели со компактна и средна големина, додека 90 укажува дека станува збор за каросериска форма што нуди голема практичност.

Нарачките за А390 се отвораат во ноември, а испораките ќе следат рано во почетокот на 2026 година. Цените се очекува да се движат меѓу 65.000 евра за ГТ и 76.000 евра за изведбата ГТС.

Директорите на Алпин го гледаат Порше Макан како главен ривал, меѓутоа А390 ќе се натпреварува и против Тесла Ипсилон, Ауди Ку4 Спортбек Е-Трон, Купра Таваскан, Полстар 4 и Масерати Грекале.

А390 ја продолжува традицијата на марката Алпин да произведува спортски автомобили и покрај тоа што има каросериска форма на кросовер, порачуваат директорите на марката.

Автомобилот го „пренесува духот на А110 во спортски фастбек со пет седишта,“ цени извршниот директор Филип Криф.

Тенки светлечки ленти се протегаат по целата ширина на предниот и задниот дел

А390 е долг 4.615, широк 1.885 и висок 1.532 милиметри. Моделот е конструиран врз платформата АмпР Медиум на Рено, што е наменета за електрични возила и исто така се користи за компактниот СУВ-модел Сеник. Платформата е унапредена со цел да се нагласи спортскиот карактер на Алпин.

Главната разлика е во трите електромотори – еден напред и два назад – за коишто Алпин наведува дека е единствен случај во премиум СУВ-сегментот.

Трите електромотори постигнуваат моќност од 470 КС во врвната изведба ГТС и на А390 му обезбедуват погон на сите тркала. ГТС спринтува до темпо сто за 3,9 секунди.

Двата електромотори назад овозможуваат посебно до секое тркало да се испорачува различен вртежен момент, што на автомобилот му дава „неспоредлива динамичност и агилност“, стои во соопштението.

Купеовската форма на А390 е „инспирирана од А110“, порачува главниот дизајнер на Алпин, Ентони Вилен.

Со можноста да се испорача повисок вртежен момент до надворешното задно тркало во свијоци, се компензира инерцијата од возилото што е тешко 2.121 килограми, објаснуваат од Алпин.

Купеовската форма на А390 е „инспирирана од А110“, вели главниот дизајнер на Алпин, Ентони Вилен.

Меѓу дизајнерските обележја се „хауба во форма на сечиво“ што воздухот од горната половина на маската го води долж хаубата, со цел да се подобри аеродинамичноста.

Триаголниот мотив се повторува на повеќе места и укажува на потеклото на името Алпин. Осветлените триаголници во браникот го создаваат печатот на Алпин што се води под  името „космички прав“. Тенки светлечки ленти се протегаат по целата ширина на носот и опашот.

А390 ГТ и посилниот ГТС поседуваат батерија никел-манган-кобалт од 89 кВч, со што се постигнува досег до 555 километри во изведбата ГТ.

Електричниот систем под напон од 400 волти дозволува батеријата да се полни со моќност до 190 киловати. Тоа е значително помалку од 270-те кВ што Порше ги постигнува кај својот елеткричен Макан, со 800-волтна архитектура.

Дизајнот на новиот Алпин во голема мера се потпира на изгледот на концептниот А390, што имаше премиера на салонот во Париз лани.

Алпин А390 поседува два дисплеи од по 12 инчи

Во кокпитот се вградени два дисплеи од по 12 инчи. Како што е случај со сите нови модели на групацијата Рено, инфо-забавниот уред користи оперативен систем Андроид Аутомотив, којшто се базира врз Гугл Аутомотив Сервисес, при давање говорни команди.

[the_ad id=”85764″]

Багажникот располага со зафатнина од 532 литри, што е споредливо со електричниот Порше Макан, со неговите 540 литри.

А390 имаше премиера на 27-ми мај на настан во близина на фабриката во Дип, Франција, каде што ќе се произведува моделот.

 

Претходна објаваПежо, Џип и Кинезите донесоа раст во продажбата во Италија во април
Следна објаваХибридната Тојота Ајго Икс е најчист автомобил без приклучок за струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here