Пежо како 4-та најпродавана марка во април, постигна раст од 48 проценти, со 8.968 возила.
Голем дел од таа продажба е постигнат на пазарот за флотни клиенти, каде што марката во април го зголеми својот удел за 416 проценти, со продадени 3.529 возила за компании.
Според аналитичарската куќа Датафорс, 2.194 возила од априлската флота се регистрирани на рентакар-компанијата Лизис, којашто изнајмува возила на подолг рок.
За споредба, продажбата на Пежо на пазарот на приватни купувачи во минатиот месец опадна за 26 проценти, со 2.279 возила.
Џип го заврши месецот како 8-ма најпродавана марка, со раст од 29 проценти и 6.863 продадени возила.
Повторно според Датафорс, пазарот на приватни купувачи на Џип во април порасна 10 проценти, флотниот пазар 124 проценти и пазарот на рентакар за 120 проценти.
Фиат четврти месец во низа е најпродавана марка. Со Ситроен на 10-то место, четири марки на концернот Стелантис се во италијанскиот Топ 10 во април.
Колку напредуваа киенските производители во Италија?
Кинеските марки, вклучувајќи го увозникот ДР, којшто под својата марка и под свое лого продава модели на кинески Чери, постигна пазарен удел од 7,3 проценти, што е раст од 4,6 проценти во споредба со април лани.
Кинеските марки ги предводи САИЦ со својата марка МГ, којашто продаде 5.491 возило, што е доволно за 12-то место на италијанскиот пазар.
Успехот на агресивната продажна стратегија на МГ се покажува преку каналите на продажба: 43 проценти од возилата се регистрирани на компании за рентакар. Со тоа, МГ е прва марка на рентакар-пазарот во Италија во минатиот месец, пред Фиат и Форд.
Во меѓувреме, БИД постигна пробив на италијанскиот пазар, главно благодарение на приклучниот хибрид Сил Ју. СУВ-моделот од средна класа учествува со 73 проценти во продажбата на БИД во Италија во април.
Електричните автомобили постигнаа голем раст во продажбата во Италија
Продажбата на целосно електрични автомобили во април се зголеми за преку 100 проценти, со 6.687 возила. Овој вид на погон сепак има мал удел на пазарот, со 4,7 проценти, што пак претставува раст од 2,3 проценти во споредба со истиот месец во 2024 година.
[the_ad id=”85764″]
Хибридите напредуваа 21 проценти, на 18.096 возила, што на овој вид погон му донесе пазарен удел од 12,8 проценти, наспроти 10,9 проценти лани во април.
Приклучните хибриди постигнаа уште поголем раст, со 8.018 возила, што е за 76 проценти повеќе во споредба со лани. Уделот на овој вид погон се зголеми на 5,7 проценти, наспроти 3,3 проценти лани.
















