Рено Клио најпродаван автомобил во Европа во април, Тесла ја нема во Топ 50

Рено Клио се избори за првото место на европскиот пазар во април и покрај тоа што продажбата му опадна за 3 проценти.

Со продадени 19.820 возила, Клио го предводи европскиот пазар во април, и покрај тоа што продажбата му е опадната за 3 проценти во споредба со лани. Сандеро, сестрински модел на Клио, имаше пад од 27 проценти и продадени 18.852 возила, што му донесе второ место.

Трет најпродаван модел е Фолксваген Тигуан, чијашто продажба се зголчеми за 2,3 проценти, на 17.027 возила. Тоа го покажуваат првичните податоци, што покриваат 99 проценти од пазарите во ЕУ, ЕФТА и ОК.

Водечката петорка ја заокружија два градски модели на концернот Стелантис, Пежо 208 и Ситроен Ц3.

Кои се најголемите добитници во април?

Во минатиот месец, во Топ 10 најмногу напредуваше Тојота Јарис Крос, со раст од 13 проценти и продадени 15.994 возила.

Добро напредува и Дачиа Дастер, на 9-то место со раст од 10 проценти.

Продажбата на Тојота Јарис Крос во април порасна 13 проценти

Уште еден модел што има растечки тренд во продажбата е Опел Корса, со 14.073 возила и раст од 16 проценти. Тоа на Корса ѝ го донесе 12-то место, пет места понапред од април лани.

Други добитници во Топ 50 се Пежо 3008 (+77 проценти) и Џип Авенџер (+64 проценти).

Тесла Ипсилон беше најпродаван модел во Европа во 2023 и четврти најпродаван модел во минатата година, но во 2025 година се соочува со огромен пад

Априлската продажба на Тесла Ипсилон опадна за 51 проценти, на 4.743 возила и со тоа е 84-то место.

Тесла Ипсилон беше најпродаван автомобил во Европа во 2023 и четврти најпродаван автомобил во 2024 година.

Кои автомобили се големите добитници во продажбата по 4 месеци?

По четири месеци, најмногу напредуваа Дачиа, Тојота, Шкода и Фолксваген.

Продажбата на Дачиа Дастер порасна за 13 проценти, на 63.957 возила со лансирањето на новата генерација. По 4 месеци, романскиот СУВ е осми најпродаван модел во Европа.

[the_ad id=”85764″]

Напредуваше и Тојота Ц-ХР, со раст од 9,6 проценти и продадени 41.925 возила, што ѝ донесе 22-ро место до април.

За 32 проценти е зголемена продажбата на Шкода Кодиак, со 36.157 возила.

Најголемиот добитник меѓу моделите во Топ 50 сепак е целосно електричниот Фолксваген ИД.4, со раст од 71 проценти и продадени 27.299 возила по четири месеци. Тоа му го обезбеди 44-то место на компактниот СУВ за периодот од јануари до април.

Претходна објаваЛани во светот се продадени 17,5 милиони електрични автомобили, нов рекорд
Следна објаваФиат Гранде Панда и во новата генерација ќе вози 4х4

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here