Џеф Безос ќе го освојува пазарот во САД со евтини СУВ-возила

Слејт е квалитетно изработен, достапен и приспособлив електричен автомобил.

Дачиа почна како евтина марка во 2000-те во Европа и денес го има најпродаваниот модел во регионот, а Шкода е светлосни години далеку од некогашниот имиџ на евтина марка. Сега е редот на Слејт, стартап-компанија од САД, да докаже дека евтина марка може да функционира и од другата страна на океанот.

Зад марката Слејт стои мултимилијардерот Џеф Безос, основач и претседател на Амазон, со намера да се понуди уште еден масовен производ на пазарот, овојпат на четири тркала. Безос не е сопственик на Слејт, меѓутоа е еден од најголемите финансиски поддржувачи.

Со Слејт, двајцата најголеми светски богаташи ќе си ги вкрстат мечовите на пазарот на електрични автомобили. Илон Маск почна прв и од марката Тесла создаде икона на сцената на електромобилноста. Модел Ипсилон стана најпродаван автомобил во светот.

Популарноста на Маск сепак доживеа голем пад откако тој се вмеша во политиката и искажа јавна поддршка за крајно десничарските политички движења. Тоа остави силни траги врз продажбата и имиџот на Тесла.

Слејт ќе нуди достапни и допадливи автомобили

Намерата со Слејт не е да се измисли нов вид на мобилност, туку да се осмисли едноставен автомобил, со платформа што овозможува од основниот пикап да се направи СУВ изведба со пет седишта. Ниската цена се постигнува со евтин развој и производство, и со само еден модел во понудата, без какви било дополнителни варијанти или опции. Со даночните олеснувања во САД, моделите на Слејт би требало да чинат околу 20.000 долари.

„Стана апсурдна дефиницијата за тоа што е евтино“, вели извршниот директор на Слејт, Крис Бармен. „Слејт постои за да ја врати моќта во рацете на купувачите, коишто автомобилската индустрија ги игнорира.“

Пикапот долг 4,44 метри е едноставен, со прави линии, без украси, а пак изгледа допадливо. Изгледот потсеќа по малку на Форд Бронко, Џип Вранглер и Ривиан. Во кабината има место за двајца или тројца патници. На големо чудење, дисплејот е наједноставен, прозорците се отвораат со рачка, а тркалата се челични.

За дополнителни функции, на располагање е држач за телефон или таблет, и на тоа уште еден приклучок УСБ. Дали тоа е премалку за втората половина на 2020-те? Слејт е развиен првенствено како товарно возило, што треба да служи за намената. Кој има потреба од повеќе, може да посегне по различните модули, за Слејт да го дотера по своја желба.

За погон служи електромотор на задната оска, со моќност од 204 КС и вртежен момент од 264 њутнметри. Крајната брзина е ограничена на 150 км/ч. Батеријата од 53 кВч дозволува досег до 240 километри. Може да се доплати за поголема батерија, од 84 кВч, со којашто може да се вози 400 километри до следниот полнач.

Техниката дозволува користење брзи полначи со моќност до 120 киловати. Пикапот тежок 1,7 тон може да пренесува товар до 650 килограми и да влече приколка до 450 килограми.

[the_ad id=”85764″]

Моделите на Слејт ќе се произведуваат во некогашна фабрика што ќе се врати во погон. Електричниот пикап со мекферсон водење на предната оска и задна оска Де Дион, може да се претвори во СУВ или во кросовер, со помош на различните додатоци што може да се докупат. За поголема индивидуалност, може да се нарачаат и фолии за каросеријата. На безбедност не е штедено.

Резервацијата чини само 50 долари. Сосем е разбирливо тоа што побарувачката за Слејт е огромна.

Претходна објаваМерцедес-Бенц 450 СЕЛ 6.9 пред 50 години беше најдобриот автомобил и уште е за многумина
Следна објаваМагнетна навигација ќе ја замени сателитската навигација?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here