Ферари со електричниот модел ќе се врати на пазарот во Кина

Внатрешноста на новата фабрика во којашто ќе се произведува електричниот модел на Ферари, при отворањето во 2024 година

Пониските царини и даноци што Кина ги наплаќа за електричните возила се надежта на Ферари, дека со идниот целосно електричен модел ќе успее да си ја врати некогашната сила на кинескиот автомобилски пазар.

Електричниот модел со име Електрика што Ферари ќе го открие во октомври ќе биде оптоварен со вкупна давачка во висина од 30 проценти, над основната цена на возилото. Наспроти тоа, за возилата на италијанската суперспортска и луксузна марка со нивните 12-цилиндарци, Кина наплаќа вкупна давачка што е близу четирипати повисока отколку давачката за идниот електричен модел.

Еден од моделите што Ферари планира да ги пушти во продажба годинава ќе се „вклопува подобро“ во Кина, кажа извршниот директор Бенедето Виња за време на објавувањето на деловните резултати, без притоа да открие за кој модел станува збор. „Тоа ќе ги поправи изгледите.“

Кинезите се пробиваат со сопствени модели во најскапите сегменти

Продажбата на Ферари во Кина забави поради намалената побарувачка за луксузни возила. Локалните производители, предводени од БИД, се пробиваат во најскапите сегменти, со модели што се замислени да им парираат на познатите марки суперспортски автомобили. Ферари во првите три месеци продаде за 25 проценти помалку возила во Кина, во споредба со лани, и тоа е најслаба продажба во последните четири години.

Кинескиот пазар на луксузни возила се скуси во 2024 година, поради забавениот економски раст во земјата и поради ослабнатиот купувачки дух. Во овој сегмент во којшто цените почнуваат од 500.000 јуани (околу 61.500 евра), продажбата во периодот меѓу 2020 и 2023 година се одржуваше на стабилна вредност од околу 850.000 возила. Но, лани тој број опадна за 20-на проценти, на близу 680.000 возила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ferrari (@ferrari)

Ферари е помалку зависен од Кина, во споредба со останатите производители од Западот, затоа што италијанската марка го ограничува извозот во земјата на 10 проценти од својата продукција. Тој процент може да се смени, откако Ферари ќе влезе на пазарот на електрични автомобили, најави Виња во почетокот на годинава.

[the_ad id=”85764″]

Кина воведе ограничувања за возила со мотор со внатрешно согорување со висока потрошувачка, уште пред Доналд Трамп да предизвика тензии во светската трговија. За увезени возила со мотори поголеми од 4,0 литри, се наплаќа увозна царина од 15 проценти, на што следат уште 40% акциза, па на сето тоа уште ДДВ во висина од најмалку 13 проценти. Во Кина не се наплаќа акциза за возило со електричен погон.

Најголем единечен пазар на Ферари се САД, каде што компанијата планира да ги зголеми цените на дел од своите модели, поради царините на Трамп.

Претходна објаваАуди планира да го продаде Италдизајн, објавија италијанските медиуми
Следна објаваОпел Мока во уште три нови бои: Колибри сина, тропски зелена и графички сива

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here