Фолксваген воведе дополнителни работни смени за Тигуан, Тајрон, Голф

Во текот на летото во фабриката на Фолксваген во Волфсбург ќе се работи во 16 дополнителни смени. И покрај тоа ќе се скусуваат капацитетите.

Во периодот од 10-ти мај до 6-ти јули, работниците ќе доаѓаат во фабриката на Фолксваген во Волфсбург во 16 дополнителни смени. Така решија раководството на концернот и работничкиот совет.

Во осумте викенди, меѓу другото ќе се работи на четири монтажни ленти, во лакирницата и во одделението за проверка на квалитетот, во една дополнителна смена во недела наутро и во сабота ноќе.

Тоа е одговорот на зголемената побарувачка за Тигуан, Тајрон и Голф. Работењето во дополнителни смени е вообичаена практика, кажуваат претставници на компанијата. Тоа сепак нема да ги смени плановите за скусување на производствените капацитети.

Капацитетот е за 700.000 возила над потребите

До 2035 година, Фолксваген треба да затвори 35.000 работни места, со посебно социјално згрижување. Производствениот капацитет во германските фабрики ќе се скуси за преку 700.000 возила.

На тој начин се реагира на „смалениот автомобилски пазар во Европа“ и на „сé посилната конкуренција“, соопшти Фолксваген при спогодувањето со синдикатот ИГ Метал кон завршетокот на минатата година.

[the_ad id=”85764″]

Во фабриката во Волфсбург во иднина ќе се произведуваат само електрични возила. Моментно во фабриката се произведува Туран, којшто нема да добие наследник, а Голф се сели во Мексико. Во матичната фабрика прво ќе се вселат електричните ИД.3 и Купра Борн, од фабриката во Цвикау, а по нив доаѓаат електричниот Голф и електричната изведба на Т-Рок.

Претходна објаваЕвропскиот пазар во март порасна 3%, се бараат електрични, хибридни и кинески автомобили
Следна објаваМерцедес ја најави идната В-Класа со концепт во Шангај, време е за луксузни ванови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here