Европскиот пазар во март порасна 3%, се бараат електрични, хибридни и кинески автомобили

Со 3.855 возила во март, кинескиот Џејку 7 беше меѓу најпродаваните новодојденци во март во Европа. Матичниот концерн Чери напредуваше од 230 возила во март '24, на близу 8.000 возила во март годинава.

Продажбата на батериски електрични автомобили се зголеми за 24 проценти и достигна 222.340 возила. Тоа се 17% од вкупно продадените 1.331.132 нови автомобили во третиот месец. Производителите сепак мораат да достигнат уделот на електричните автомобили да изнесува меѓу 20 и 25 проценти, за да бидат под лимитот за ЦО2 што го постави ЕУ за периодот од 2025 до 2027 година. Во споредба со лани, уделот на БЕВ во продажбата сепак е зголемен во споредба со 14 проценти во истиот месец лани.

Податоците од Датафорс што се објавени првични се однесуваат на околу 93 проценти од продажбата во ЕУ, ОК, Норвешка, Исланд и Швајцарија. По пристигнувањето на податоците од продажбата од задоцнетите пазари, набрзо ќе бидат познати и имињата на најпродаваните модели.

Приклучните хибриди и во март продолжија со залетот, со раст од 20 проценти и продадени 106.558 возила. Во првото тромесечје, продажбата на ПХЕВ е порасната за 5,3 проценти.

Напредокот на батериски електрични и приклучни хибридни автомобили оди на сметка на продажбата на моделите што користат само бензински мотор, чијшто пазар во првите три месеци од 2025 година е намален за 6,7 проценти.

Кинеските марки во март продолжија да ја зголемуваат продажбата и постигнаа раст од 78 проценти. Тоа се случува откако производителите од Кина се откажаа од стратегијата да продаваат само батериски електрични автомобили, меѓу другото и поради дополнителните царини што лани им ги одреди ЕУ. Сега повеќе се нудат приклучни хибриди и модели со класичен погон.

МГ, марка на државниот производител САИЦ, и натаму е најпродавана кинеска марка во ЕУ, со продадени 37.499 продажби во март, што претставува раст од 49 проценти.

Уште поголем процентуален раст постигнаа други две кинески марки, БИД и Чери, меѓутоа вкупниот број на продадени возила е далеку под вредноста на МГ.

[the_ad id=”85764″]

Групацијата Рено, вклучувајќи ја Дачиа, имаше најдобра мартовска продажба од сите европски производители на автомобили, со раст од 14 проценти. Кај групацијата Фолксваген, најголем производител во Европа, растот изнесува 11 проценти.

Падот на Тесла продолжи во март, со продажба намалена за 26 проценти. Кај најпродаваниот Модел Ипсилон, падот изнесува дури 40 проценти. Една од причините за тоа претставува и генерациската смена, со освежената верзија на Ипсилон, што се произведува во близина на Берлин.

Пад во мартовската продажба имаат и Мерцедес-Бенц (-8,5 проценти) и Тојота (-7,8 проценти). Кај концернот Стелантис е смален падот во продажбата и тој во март изнесуваше 5,9 проценти, иако во првите три месеци, концернот изгуби 11 проценти од продажбата во истиот период лани.

Симбиоз беше најпродаван новодојденец во март и помогна Рено да има добар месец

Пежо 208 е во мало предимство пред Дачиа Сандеро во трката за најпродаван модел во март, според првичните податоци на Датафорс. Разликата меѓу двата модели изнесува помалку од 1.000 возила. Слично е мала и разликата меѓу повеќето од остантите модели во Топ 10.

Моделите што првпат се појавуваат во продажба годинава, помогнаа да се одржи растечкото темпо на европскиот пазар: Рено Симбиоз во март постигна 9.405 продажби, следи Фиат 600 со 6.791 возила, и електричните Киа ЕВ3 (6.711 возила) и Рено 5 (6.458 возила).

Во првите три месеци, пазарот годинава е за 0,3 процент под минатата година, со продадени 3.298.890 возила, што е за само 10.000 примероци помалку од истиот период лани.

Претходна објаваВо Саудиска Арабија секој трети продаден автомобил во 2030 ќе биде електричен
Следна објаваФолксваген воведе дополнителни работни смени за Тигуан, Тајрон, Голф

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here