Саудиска Арабија постави амбициозна цел да го зголеми уделот на електрични автомобили во продажбата, од сегашните еден процент на 30% во следните пет години.
Саудискиот нафтен гигант Арамко потпиша договор со кинескиот производител на електрични автомобили БИД, за заеднички развој на нова генерација електрични автомобили. Арамко го објави соопштението на 21-ви април.
Договорот потпишан меѓу Сауди Арамко Технолоџис Компани, којашто е огранок на Арамко, има за цел да работи на напредна технологија за електрични автомобили, како и на подобрување на заштитата на животната средина. Кралството што зафаќа најголема поврешина на Арапскиот Полуостров се префрлува на стратегија на возила што помалку ја загадуваат животната средина.
Овој договор следи по неодамнешниот почеток на продажбата на Тесла во Саудиска Арабија, што беше одбележан со голема свеченост на 10-ти април во Ријад. Производителот на електрични автомобили од САД бара начини да ја зголеми продажбата на своите возила во светски рамки, откако истата имаше пад од 13 проценти во првото тромесечје од 2025 година. Тоа е резултат од засилената конкуренција и од контроверзите што се поврзуваат со вмешувањето на извршниот директор Илон Маск во политиката во САД и Европа.
„Арамко истражува повеќе начини за да постигне оптимална ефикасност во транспортот, почнувајќи од иновативни горива со ниска емисија на карбон, до напредни погонски концепти“, вели Али А. Ал-Мешари, виш потпретседател за технолошки надзор и координација на Арамко.
Саудиска Арабија постави амбициозна цел да го зголеми уделот на електричните автомобили во продажбата, од сегашните еден процент на 30 проценти во следните пет годни. Кралството сепак наидува на потешкотии околу мрежата од полначи, затоа што во минатата година во земјата имало регистрирано само 101 станица за полнење електрични автомобили.
[the_ad id=”85764″]
Тесла планира да почне со онлајн продажба, со поп-ап салони и со брзи полначи во клучните саудиски градови, со цел да ја поттикне продажбата.
Тесла и БИД, двата најголеми производители на електрични автомобили во светот, водат жестока борба да го преземат водството на светскиот пазар. Силниот развој на БИД и понудата на подостапни модели директно ја притискаат продажбата на Тесла на клучните пазари за електрични автомобили во светот.
















